„Една недела ги правев интензивните вежби на Меган Фокс – што ми се допадна, а што не?“
Следниот ден чувствував блага болка во мускулите, но не беше неподнослива.
Фокс изјави дека вежба двапати до трипати неделно, па знаев дека не мора да вежбам секој ден. Затоа вториот ден се одмарав. Излегов да пешечам затоа што нејзиниот тренер им дава совет на клиентите да поминат околу 12.000 чекори дневно или околу 8 km. Тоа е нешто на што ќе треба да поработам – успеав да пешачам околу 30 минути на рамен терен.
Следниот ден вежбите започнаа слично како првиот: почнав со 7-минутно одење на лента за кардио. По загревањето ги направив следниве вежби со четирикратни повторувања:
Вежбање на справа за склекови, со тоа што го зголемував теговите за по 5 kg на вториот и четвртиот циклус вежби.
Истегнување на нозете во мост позиција со тегови од 10 kg;
Вежби со долниот дел на нозете во „планк“ позиција.
Требаше да одморам со вежбата на скали, но за среќа справата не работеше, па затоа се одморив со 10-минутно брзо чекорење на лента.
Кога завршив нозете ми се тресеа, и, во иднина, наместо по четири ќе правам по три циклуси со потешки тегови.
Четвртиот ден вежбав за горниот дел од телото. Па така овој ден повторив по четири циклуси од следниве вежби:
20 истегнувања на рацете со тегови тешки по 5kg;
100 скокови со јаже;
20 вежби за рацете со тегови во позиција за вежби за стомачни мускули и клекнувања;
За да се одморам, фрлав медицинска топка.
Најтешко ми беше скокањето со јаже. Морав да застанувам почесто за да земам здив, но сметам дека беше добра вежба за горниот дел од телото за мене и најверојатно ќе продолжам со неа.
Во 2009-тата Фокс кажа дека вежба и пилатес, па затоа на петтиот ден одлучив да одам на час по пилатес.
Со оглед на тоа што претходно сум вежбала пилатес знаев што може да очекувам, но болката во мускулите од претходните денови само направи сè да биде потешко.
За една недела не можам да знам точно колку ефективна би била оваа рутина за вежбање, но, јасно ми е зошто на Фокс ѝ се допаѓа оваа рутина.
Има кардиовежби, тегови и часови за пилатес поради што нештата се интересни. Исто така, сметам дека ова е мошне ефективен начин на вежбање и лесно може да се вклопи во густиот распоред на некои луѓе, само не треба да правите многу паузи, како што тоа го правев јас.