10 секојдневни навики кои ќе ви помогнат да се движите повеќе (и да направите 10.000 чекори)
Завршувајте ги обврските пеш
Плаќање сметки, купување намирници, завршување секојдневни обврски – потрудете се да одите пеш и кога ги правите овие работи.
Не барајте некој да ви донесе нешто
Ако живеете со некого, веројатно имате навика да му викнете да ви донесе нешто. Наместо тоа, пробајте сами да си го земате она што ви треба.
Можеби во овој случај ќе направите безначаен број чекори, но сепак и ова е подобро од ништо.
Користете ги скалите
Секојпат кога има можност избегнувајте ги лифтовите и ескалаторите. Ако редовно се качувате по скали, не само што ќе го зголемите бројот на чекори, туку и ќе ја подобрите кондицијата.
Паркирајте го автомобилот подалеку
Без разлика каде одите, паркирајте го автомобилот малку подалеку од вашата крајна дестинација.
Ова ќе ви даде можност да направите уште некој чекор.
Одете на прошетка по јадење
Кога сте во можност, одвојте 15-тина минути за прошетка по јадење. Движењето по оброкот ќе ја подобри дигестијата, ќе го намали ризикот од подуеност и, во овој случај најважно, ќе ви помогне да го зголемите бројот на направени чекори во текот на денот.
Спирова С. | Црнобело