8 вежби за целото тело за кои ви треба само обична крпа
Само затоа што не можеме (или не сакаме) да одиме во теретана, не значи дека треба да ја запоставиме физичката активност.
Можеби дома немате никаква опрема за вежбање, но ова не е изговор – постојат безброј вежби со кои ќе го активирате целото тело, а за кои не ви треба никаква опрема.
А, постојат и вежби за кои ви е доволно само нешто што веќе го имате во домот како, на пример, крпа.
Осумте вежби во продолжение ќе ви помогнат да ги зајакнете скоро сите мускулни групи во телото, а за да ги изведете ви треба само најобична крпа:
Вежба за бицепси
Фатете ја крпата од двете страни и на средината нагазнете ја со едното стапало. Потоа, додека туркате со ногата надолу, кревајте ги рацете – како да кревате тегови. Направете 10-тина повторувања со двете нозе.
Вежба за трицепси
Со десната рака фатете го едниот крај на крпата зад главата, а со левата фатете го другиот крај зад задникот. Потоа движете ја крпата горе-долу – нагоре влечете со десната рака и исправете ја целосно, а надолу влечете со левата и повторно исправете ја целосно. После неколку повторувања, сменете ги рацете и повторете ја вежбата.
Вежба за листови
Седнете на подот и испружете ги нозете напред, малку раширени. Фатете ја крпата од двете страни, а средниот дел ставете го под едното стапало. Исправете ги грбот и рацете и почнете да се навалувате кон назад сè додека не почувствувате затегнување во областа на листот. Задржете неколку секунди, па повторете со другата нога.
Вежба за половина
Фатете ја крпата со двете раце и кренете ја над главата. И рацете и нозете треба да бидат во линија со колковите. Свртете го горниот дел од телото кон едната страна без да ги движете нозете, а потоа свртете се на другата страна. Повторете 10-тина пати.