81-годишна бабичка од Германија е вистинска фитнес инспирација

„Ако барем малку можам да го променам стереотипот за старите луѓе дека се здодевни и неактивни, тогаш тоа ме прави среќна“, вели Ерика, инспиративната бабичка со младешки дух.

81-godishna-babichka-od-germanija-e-vistinska-fitnes-inspiracija-01.jpg

Ерика Ришко е 81-годишна бабичка од Германија која има две деца, едно внуче, и, изненадувачки за таа возраст, станала фитнес инфлуенсерка.

Таа вели дека доцна во животот започнала со фитнес, но сега го обожава вежбањето и постојано прикачува видеа од своите активности на социјалните мрежи.

81-godishna-babichka-od-germanija-e-vistinska-fitnes-inspiracija-04.jpg

„Многу сум почестена што помлади луѓе се инспирираат од мене. Ги сакам коментарите од типот дека сум им инспиративна, дека цел им е во животот да бидат како мене, па дури и на шега ме прашуваат дали може да бидам нивна баба“, изјави Ерика во шоуто „Good Morning America“.

81-godishna-babichka-od-germanija-e-vistinska-fitnes-inspiracija-06.jpg

„Ако барем малку можам да го променам стереотипот за старите луѓе дека се здодевни и неактивни, тогаш тоа ме прави среќна“, додава таа.

81-godishna-babichka-od-germanija-e-vistinska-fitnes-inspiracija-05.jpg

Ерика вели дека почнала активно да вежба дури во средината на 50-тите години од животот, кога ќерка ѝ ја запишала во локалниот фитнес центар бидејќи била осамена, откако двете деца ѝ се отселиле од дома.

81-godishna-babichka-od-germanija-e-vistinska-fitnes-inspiracija-03.jpg

Првите 5 години вежбала просечно, но потоа станала зависник од фитнес и во последните 20 години вежба двапати на ден, неколку дена во седмицата.

81-godishna-babichka-od-germanija-e-vistinska-fitnes-inspiracija-02.jpg

Видеа од инспиративната Ерика:

https://www.instagram.com/p/CGiN_vLl2ge/

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
Фитнес инфлуенсерка покажува како навистина изгледа кога не позира и не ги уредува фотките Подуен стомак и мускули кои не се секогаш дефинирани – фитнес инфлуенсерка споде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg