Лични фитнес тренери откриваат: Како до фит фигура како на ѕвездите?
Дејвид Кирш, тренерот на Кејт Аптон
Дејвид е тренер со искуство од 20-тина години, кој се обидува да создаде хармонија помеѓу телото и умот. Тој соработувал со неколку славни, вклучувајќи ја и Кејт Аптон.
Неговите препораки се:
- Поставете си јасни и реалистични цели за она што сакате да го постигнете.
- Најдете рутина во којашто ќе уживате.
- Пијте многу вода и воочете ја разликата помеѓу жед и глад.
Амаја Мендез, тренерот на Кристијано Роналдо
Амаја има соработувано со многу фудбалери, како што е познатиот Кристијано Роналдо. Според неа, сите мораме да обрнеме внимание на исхраната и секојдневната физичка активност.
Нејзините најдобри совети се:
- Почнете со загревање што ќе ја поттикне циркулацијата. Потоа правете вежби за мускули, па кардио вежби и завршете го тренингот со истегнување.
- Не ја заборавајте формулата за совршено тело: 80% исхрана, 15% тренинг и 5% одмор.
- Прескокнете ги десертите или заменете ги со овошје или јогурт.
Трејси Андерсон, тренерот на Алесандра Амбросио
Трејси е тренер и танчарка и покрај Алесандра, има соработувано со Џеј Ло и Жизел Бундшен. Таа прави комбинација од вежби и танцување, со што се активира целото тело.
Според неа, најважно е да обрнете внимание на следниве нешта:
- Менувајте ја рутината на секои 10 дена за да можете да се придвижите до целта.
- Правете вежби со ист интензитет за горниот и долниот дел од телото, за да направите пропорционална фигура.
- Никогаш не вежбајте со празен стомак и во теретана понесете малку темно чоколадо за да си ја вратите енергијата.
Никол Винхофер, тренерот на Мадона
Според Мадона, тренинзите на Никол ѝ помогнале да го добие телото од соништата. Никол е фитнес тренер, но нејзините програми за вежбање неретко вклучуваат и танцување.
Нејзините најдобри совети се:
- Телото нека ви биде приоритет и секојдневно работете на него.
- Одберете 3-4 песни што ви се допаѓаат и танцувајте на нив.
- Споделете ја вашата цел со некој пријател кој ќе ви ги даде потребните поддршка и мотивација.
Спирова С. | Црнобело