Вежби за жени што ќе направат да се чувствувате одлично
Физичката активност може да го намали ризикот од разни болести. Дури се верува и дека може да ја спречи појавата на депресија.
За таа цел, пробајте ги следниве вежби за жени што навистина ќе направат да се чувствувате подобро:
Вежба 1
Ова е навистина моќна вежба која ги зајакнува задникот, колковите и стомачните. Сè што ви треба за неа е голема пилатес топка.
- Легнете на грб и ставете ги нозете на топката.
- Подигнете ги колковите како на фотографијата. Рацете нека ви служат како потпора на подот.
- Стегнете го задникот и со нозете повлечете ја топката кон вас. Кренете ги колковите што е можно повеќе.
- Држете ја положбата 1-2 секунди и спуштете се на земја.
- Направете 20 повторувања.
Вежба 2
Оваа вежба го подобрува држењето на телото и ги зајакнува нозете.
- Застанете исправено.
- Стегнете ги стомачните и во исто време испружете ги рацете напред и кренете ја едната нога.
- Обидете се да застанете паралелно со земјата.
- Држете ја положбата 30 секунди и повторете со другата нога.
Вежба 3
Оваа вежба е поефикасна од обичните склекови. Истовремено, го подобрува и држењето на телото.
- Поставете ги дланките на подот, а нозете на топката за пилатес.
- Вдишете и спуштете се со рацете кон земјата. Додека издишувате, вратете се во почетната положба.
- Направете 4 сета, со по 5 повторувања.