Како да се ослободите од „слоевитите перничиња“ на колковите?
Ако имате широки колкови, тогаш знаете колку е тешко да ги отстраните масните наслаги од нив, посебно оние кои наликуваат на перничиња во неколку слоеви.
Дури и да ослабете, перничињата на колковите речиси сигурно ќе останат. Сепак, постојат неколку трикови што ќе ви помогнат да се ослободите од нив и да ја добиете фигурата за којашто сонувате.
Што претставуваат масните наслаги на колковите?
Според лекарите, овие масни наслаги се појавуваат од неколку причини – хормонална нерамнотежа, проблеми со циркулацијата, премногу седење, породување и стрес.
Но воглавно, жените се програмирани да акумулираат масти на колковите поради нивната плодност.
Мастите во овој предел почнуваат да се појавуваат во пубертетот, а акумулирањето трае до околу 22-годишна возраст.
Кога менструалниот циклус на жената ќе се стабилизира, масното ткиво на колковите станува тврдо. А, токму ова ткиво е тешко за отстранување, дури и ако вежбате редовно и се храните здраво.
Трикови за намалување на масните наслаги на колковите
За да го постигнете ова, ќе треба да направите неколку промени во животниот стил.
- Спијте повеќе. Поради недостатокот од сон, телото почнува да го произведува хормонот грелин, кој предизвикува чувство на глад. Но, спиењето 7-8 часа навечер го регулира неговото ниво.
- Започнете го утрото со шолја кафе. Кафето е диуретик и го стимулира метаболизмот. Истовремено, помага во согорувањето калории за време на вежбање.
- Додајте електролити (банана, јогурт, зелен зеленчук) во исхраната. Калциум, магнезиумот и калиумот помагаат во отстранувањето на солта од организмот. Колку повеќе ги внесувате, толку помалку сол ќе се задржува во ткивото. Со ова ќе се намали и акумулирањето на масти и целулит.
- Внимавајте на исхраната, но не гладувајте. Ако внесувате помалку калории од потребното, вашето тело ќе почне да складира масти. Па, изгладнувањето не е никакво решение. Наместо тоа, во текот на денот грицкајте моркови и зеленчук и додајте повеќе протеини во исхраната.
- Масирајте ја областа со есенцијални масла. Направете мешавина од сина глина и неколку капки масло од лимон и рузмарин. Со масажа нанесете ја смесата на колковите. Потоа завиткајте се во пластична фолија, оставете да отстои 40-тина минути и исплакнете со топла вода.
На следната страница дознајте кои вежби се најефикасни...
Би можело да ве интересира:





