8 јога вежби со кои ќе го подобрите држењето на вашето тело
Правилното држење на телото не е важно само за изгледот, туку и за вашето здравје.
Со правилно држење на телото, мускулите, коските и зглобовите се поставени на тој начин што го намалуваат притисокот на ’рбетот. Од друга страна, неправилното држење речиси сигурно води до главоболки, како и болка и вкочанетост во вратот и грбот.
Неправилното држење на телото е проблем со којшто се соочуваат многу луѓе, но има решение и за тоа.
Јогата е одличен начин да го поправите држењето на телото, а следниве едноставни вежби ќе ви помогнат во тоа:
Странично подигнување на нозете
Ова е вежба што го зајакнува долниот дел од телото, но и го подобрува држењето.
- Застанете исправено со дланките поставени на колковите.
- Префрлете ја целата тежина на десната страна, држете го грбот исправено и подигнете ја левата нога странично.
- Вратете ја ногата во почетната положба и повторете со другата.
- Направете 3 сета, со по 10 повторувања со секоја нога.
Доколку е потребно, можете да се придржувате на ѕидот.
Истегнување со свиткано колено
Со оваа вежба ќе ги истегнете рамената и градите, а може да ви помогне и со болката во долниот дел од грбот.
- Застанете исправено со раширени нозе.
- Свртете го левото стапало кон надвор.
- Кренете ги рацете странично колку рамената и држете ја главата исправена.
- Свиткајте го десното колено, а левата нога исправете ја и навалете се кон десната страна кревајќи ја левата рака.
- Нежно свртете ја главата кон левата дланка.
- Држете ја положбата 1 минута и вратете се во почетната положба. Направете 3 повторувања на двете страни.
Поза куче
Ова е уште една одлична вежба за рамената и градите.
- Застанете на сите 4 и осигурете се дека дланките и рамената се во иста линија, исто како и колената и колковите.
- Испружете ги рацете напред и спуштете ги челото и градите кон подот. Важно е да не чувствувате никаков притисок на вратот.
- Држете ја положбата 1 минута и бавно вратете се во почетната позиција.
- Направете 3 повторувања.
Положба мачка – крава
Оваа вежба помага за ’рбетот, ги истегнува градите и рамената и ја намалува напнатоста во вратот, торзото и рамената.
- Застанете на сите 4 и држете го грбот исправен.
- Спуштете го стомакот надоле додека ја кревате главата кон таванот.
- Потоа свиткајте го грбот нагоре и спуштете ја главата надоле.
- Повторувајте го движењето 1 минута.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





