Грешки што ги првите по вежбањето, заради кои тренингот е некорисен
Вежбањето е неопходно за добра физичка форма, но ако правите нешто погрешно, тогаш е сосема некорисно.
Ако сакате да постигнете големи резултати, мора да сте фокусирани правилно да ги правите вежбите, но и делот по вежбањето е многу важен.
Активностите и навиките по вежбањето се клучни за тоа дали тренингот ќе има позитивно влијание.
Во продолжение следат најчестите грешки кои ги правите по тренинг, заради кои нема резултати:
Пасивен одмор
Како што пред вежбање се загревате, така и по вежбање треба да имате блага активност, а не веднаш да легнете да одмарате.
На телото му е потребно да закрепне од вежбите, но тоа треба да го прави на активен начин со движења, па завршете некои домашни обврски по вежбањето, пред да легнете.
Не јадете ништо
Можеби не чувствувате глад или не сакате да надоместите калории кога досега сте ги согорувале, но по вежбање на телото му е неопходно „гориво“ за функционирање, а во случајов тоа се оброци со протеин и јаглехидрати, 30 минути по вежбањето.
Заборавате да се хидрирате соодветно
На телото му е потребна вода за да ги оствари сите биолишки функции, па затоа е неопходно да надоместите за изгубената течност од вежбањето. Енергетските пијалаци можеби се добри пред вежбањето за да ви дадат силна, сепак ништо не може да ја замени функцијата на водата.
Го прескокнувате истегнувањето
Истегнувањето е клучен дел од закрепнувањето по тренингот за да ги заштитите мускулите и да немате несакани проблеми подоцна.
Не се туширате веднаш
По вежбање, телото се загрева, а ако чувствувате потреба од свеж туш, направете го тоа веднаш и не чекајте бидејќи туширањето со млака вода помага во процесот на закрепнување на мускулите.
Плус, добро е веднаш да ги отстраните бактериите и нечистотиите од кожата кои се залепиле на вас додека сте вежбале.
Се изложувате на стрес
По вежбањето не се изложувајте на стрес независно кои се причините, обидете се да се релаксирате и да правите нешто што сакате за да имате позитивен резултат од вежбањето, да се чувствувате добро и да сакате повторно да се вратите следниот ден.
М. М. | Црнобело