6 активности со кои ќе ослабете ако не сакате вежбање и трчање

Веќе знаете дека доколку сакате да ослабете, во распоредот морате да вклучите и време за вежбање. Најчестиот избор на луѓето кои сакаат да се справат со вишокот килограми е трчањето. Но иако е ефикасно, трчањето не е спорт за секого.

sportovi-koi-se-mnogu-poefikasni-za-slabeenje-od-trchanjeto-01.jpg

Доколку и вам оваа активност ви предизвикува тешкотии, можете да ја замените со некоја од активностите во продолжение:

Скокање на јаже 

Можеби ова ви изгледа како детска игра, но со само еден час скокање можете да согорите и до 1.000 калории. Се разбира, ова зависи од вашата тежина и интензитетот на вежбање.

Доколку сакате да почнете со скокање на јаже, немојте да се обидувате да вежбате цел час без прекин. Најдобро е да го поделите вежбањето во неколку серии помеѓу кои ќе имате одмор од околу 5 минути.

sportovi-koi-se-mnogu-poefikasni-za-slabeenje-od-trchanjeto-02.jpg

Пливање

Со пливањето можете да согорите и до 800 калории на час. Пливањето е можеби најдобриот спорт за слабеење и е одличен за оние кои не можат да го поднесат трчањето. Покрај тоа, со пливањето ќе ги активирате сите мускули на вашето тело.

sportovi-koi-se-mnogu-poefikasni-za-slabeenje-od-trchanjeto-03.jpg

Возење велосипед

Возењето велосипед е одлично за срцето, белите дробови и крвните садови. Покрај тоа, можете да го користите велосипедот како средство за транспорт, па да вежбате додека одите некаде.

sportovi-koi-se-mnogu-poefikasni-za-slabeenje-od-trchanjeto-04.jpg

Скокање на трамбулина

Ова е уште една навидум детска активност со која можете да согорите и до 600 калории на час. Иако трамбулината не е најпрвиот избор за вежбање, може да ви помогне во процесот на слабеење. Во овој случај, се разбира, внимавајте на вашата безбедност.

sportovi-koi-se-mnogu-poefikasni-za-slabeenje-od-trchanjeto-05.jpg

Веслање

Со веслањето ќе ги активирате сите големи мускулни групи и ќе согорите и до 700 калории на час. Овој спорт е совршен за топлите летни денови, а без сомнение ќе се забавувате.

sportovi-koi-se-mnogu-poefikasni-za-slabeenje-od-trchanjeto-06.jpg

Јога

Јога вежбите се одлични за зголемување на флексибилноста, подобрување на држењето на телото, зајакнување на мускулите, но и за слабеење. За поинтензивен тренинг пробајте аштанга или винјаса јога.

sportovi-koi-se-mnogu-poefikasni-za-slabeenje-od-trchanjeto-07.jpg

Танцување

Покрај слабеењето, танцувањето ќе ви помогне да се ослободите од стресот, да го подобрите држењето на телото и да го подобрите целокупното здравје.

Можете да се запишете на часови за танцување, но и секогаш можете да си ја пуштите омилената песна и да танцувате во домот.

sportovi-koi-se-mnogu-poefikasni-za-slabeenje-od-trchanjeto-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
Трикови за слабеење кои звучат чудно, но се ефикасни (според експерти) Во лето, не го поминувајте цел ден под клима бидејќи високите температури го нам...
Јога пози со кои ќе го подобрите капацитетот на белите дробови Одредени јога пози ги „отвораат“ градите при што се подобрува протокот...
6 утрински вежби што ќе ви дадат енергија (се прават и во кревет) Ако немате многу време (или енергија) за вежбање, сигурно можете да одвоите 10-т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg