Како планинарењето позитивно влијае врз телото и духот?
Кога се занимаваме со спорт, обично очекуваме резултати: сакаме да бидеме побрзи и посилни и да тренираме. Понекогаш сакаме да слабееме и да бидеме поубави. Понекогаш забораваме што сакаме воопшто.
Но, планинарството не е само форма на физичка активност, со планинарење можеме да се запознаеме себеси и да ја откриеме природата во нејзината оригинална форма.
Во историјата на човештвото луѓето честопати се качувале на планини во потрага кон инспирација, а понекогаш се враќале продуховени. Денес се качуваме на планините за да го пронајдеме потребниот мир, како и сила да се справиме со секојдневните задачи и обврски.
Внатрешниот мир и релаксација не се единствената причина зошто треба да планинaрите.
Постојат бројни здравствени придобивки, а ова се некои од нив:
Аеробен тренинг
Нема аеробен тренинг кој е подобар од шетање или трчање низ планина. Угорницата дополнително ќе ве оптовари, па ќе имате поголем предизвик.
Свеж воздух за дишење
На поголема надморска височина воздухот е посвеж и почист. На планината ќе дишете свеж воздух, ова ќе ве опушти, ќе ви ја подобри циркулацијата и ќе ги подобри вашите бели дробови.
Дали знаевте дека дишете подлабоко кога сте подалеку од загадениот воздух? Ова го правиме рефлексно. Длабокото дишење е особено добро, бидејќи ги масира внатрешните органи и го отстранува лошото расположение.
Авантура
Доколку сте љубител на авантури, планината е вистинското место за вас. Таа крие многу убавини: потоци, шуми, цвеќиња и животни...ова се планинските жители кои ќе ве поздрават на секој чекор.
Планината може да ве снабди со свеж воздух, но и со вистинска храна. Во зависност од шумата и сезоната, ќе најдете различни плодови и растенија.
Планинарството не е конкурентен спорт и немате противник. На планината се имате само себеси и природа. Природата е вашиот сојузник. Не фрлајте ѓубре, не пушете цигари и не ги кинете дрвјата. Почитувајте ја природата.
Неколку практични совети:
- Пред да одите на планина купете соодветни патики за качување. Ваквите патики се поцврсти и адаптирани се за лизгави површини.
- Очекувајте поостра клима отколку во долината.
- Временските услови се менуваат побрзо на планините.
- Носете вода со себе, како и мед и овошје. Ова се јаглехидратите што ќе ви дадат дополнителна енергија, ако ви треба.
Ашера | Црнобело