10 лесни јога пози кои ги решаваат најголемите женски проблеми
Жените често се соочуваат со непријатности поврзани со крвниот притисок, кој предизвикува состојби како болки и тежина во долниот дел од стомакот, сексуални нарушувања и слични гинеколошки проблеми.
Доколку решите да практикувате лесна, почетничка јога, може за кратко време да се ослободите од нив, секако – доколку ги имате правите вежби и пози.
Овие 10 ќе ви помогнат повторно да се чувствувате лесно и здраво:
*Не заборавајте дека додека ги правите сите вежби во продолжение треба да дишите смирено и спокојно. Земајте длабок воздух и испуштајте полека.
1. Пеперутка поза
Седнете исправено, држејќи ги стапалата како на илустрацијата. Главата да биде крената право.
Времетраење: 1 до 3 минути, колку може да издржите
2. Лесно виткање
Седнете на рамна површина, исправете го телото. Едната рака поставете ја на спротивната нога, додека другата рака ја вртите наназад, истегнувајќи се.
Времетраење: 2 минути
3. Истегнување на ѕид
Легнете на рамна површина со поткренати нозе и раширени раце како на илустрацијата. Вдишувајте и издишувајте полека.
Времетраење: 3 до 5 минути
4. Поза – херој
Седнете на нозете превиткани кај колениците, а рацете спојте ги и поставете ги пред градите. Исправете ја главата, истегнете го ‘рбетот и отворете ги рамениците.
Времетраење: 1 минута
5. Раширени нозе
Седнете исправено, нозете раширете ги колку што можете и пробајте со исправен грб, да ги допрете стапалата. Колку можете, без форсирање. Не смее да почувствувате болка.
Времетраење: 1 минута, 8 до 10 пати.