10 работи за вашиот фит изглед кои може да почнете да ги правите веднаш
За да бидете фит не мора да значи дека мора да одите во теретана и да правите тешки и здодевни работи и вежби.
Дури и секојдневните активности како одење со велосипед до работа, брзање да го фатите автобусот, чување дете и постојано растрчување околу него и слично, може да придонесат за вашиот фит изглед.
Ако не сакате да се форсирате, а сепак сакате да одржувате фит изглед, мора да правите нешто, но може да почнете со мали работи.
Време е да вметнете нови, поздрави навики во вашето секојдневие со кои ќе се чувствувате подобро, но секако, не може да очекувате дека ќе направат магија со вашето тело.
Лесни, мали навики со кои ќе го одржувате вашиот фит изглед и добар дух:
Пијте повеќе вода и одржувајте се хидрирани
Ова помага за одржување на тежината, расположението, нивото на енергија и функцијата на мозокот.
Јадете многу зеленчук и овошје
Можеби ви е смачено да слушате за исхрана, но тоа е првото нешто на што треба да се фокусирате.
Во текот на денот внесувајте голема количина на разни видови зеленчук и овошје како оброк, додаток или ужина и грицка.
Дишете чист воздух
Стресот влијае лошо на целото здравје како и на изгледот, па мора да се ослободувате од него, да се смирувате, да медитирате, да одите на мирни места каде ќе се наполните со чист воздух.
Или, правете вежби за дишење кои ќе ви бидат од корист.
Излегувајте почесто надвор
Поголемиот дел од денот го поминуваме затворени, опколени со екрани и вештачки светла.
Мотивацијата за активност и здрава исхрана доаѓа многу полесно кога сте во контакт со природа, свеж воздух и сончеви зраци – ќе се чувствувате многу подобро.
Мали вежби
Тешко е веднаш да почнете да правите тешки тренинзи и вежби и очекувано тоа ви прави одбивност.
Но може да почнете со мали и лесни вежби додека гледате телевизија или да го истегнувате телото додека сте на работа или дома.