Секогаш инспиративна - Како Џесика Бил ја одржува својата топ форма?
Џесика Бил важи за вистински кул девојка во Холивуд. Таа изгледа како личност на која би и се обратиле за каков било совет, од мажи до шминка.
А кога зборуваме за здрави навики, таа е некој од кој може многу да се научи.
Џесика негува љубов кон фитнесот од рана возраст. Како дете тренирала гимнастика, а потоа се концентрирала на јогата. Покрај редовните тренинзи, таа секогаш практикува здрава исхрана. Со еден збор, оваа холивудска убавица е дефиниција за инспиративна жена.
Ова се нејзините 5 здрави навики за кои треба да размислите да ги примените и во вашето секојдневие:
Таа сака јога
Џесика ужива во различни вежби, но ништо не ја надминува нејзината љубов кон јогата. Таа практикува јога три до пет пати неделно по најмалку 20 минути.
Таа посветува внимание на дигестијата
Не консумира производи кои содржат глутен, ниту пак млечни производи. Вели дека се чувствува подобро на тој начин, варењето на храната е подобро и олеснето а таа има повеќе енергија.
https://www.instagram.com/p/BTeikdwlX_q/
Редовно практикува криотерапија
Третманот вклучува неколку минути во резервоар со мраз за кој се вели дека го намалува воспалението и болката во мускулите, и го подобрува изгледот на вашата кожа - таа станува сјајна, тенот се подобрува и обезбедува здрав сјај и подобар тен.
Јаде исклучиво здрава храна
Нејзиниот хит оброк е секогаш домашно веганско пире. Зеленчукот се пече во рерна и се додаваат зачини по избор, потоа се ставаат во блендер и се добива лесна и здрава супа - секој може да ја направи и е навистина вкусна.
Воспалението на мускулите го лечи со уште повеќе вежбање
Наместо да легне во кревет со аспирин, Џесика Бил се бори со болката во мускулите со тоа што продолжува да вежба.
А. Ш. | Црнобело