Л-карнитин е она што ви е потребно за брзо топење на мастите и зголемена енергија
Л-карнитинот е супстанција со исклучително значење за одвивање на нормалните животни процеси во организмот. Тој е важен фактор за производство на енергија во организмот и за правилен метаболизам на мастите.
Л-карнитинот е сличен на витамин што го произведува нашето тело. Тој може да биде пронајден во срцето, скелетната мускулатура, црниот дроб и мозокот, но се произведува количество од околу 10% од дневните потреби на организмот. Дополнително, може да се внесе преку храната (месо, јајца и во помали количини од млечните производи) или во форма на додаток или суплемент во исхраната.
Истражувањата покажуваат дека нормалните дневни потреби за Л-карнитин се движат помеѓу 500 mg и 1000 mg.
За поинтензивен физички напор, дневната доза може да варира од 1500 mg до 2000 mg, додека кај спортистите може да достигне 5000 mg.
За движење на маснотиите преку клеточната мембрана, Л-карнитинот игра голема улога. Кога молекулата на мастите се врзува за молекулата на Л-карнитинот, лесно може да помине во ќелијата и да ја „согори“. Со согорувањето на масното ткиво, нашето тело ја создава потребната енергија за сите животни процеси.
Производот има докажан ефект на разградување на мастите и е особено ефикасен во комбинација со диета и соодветен режим на исхрана, како и со физичка активност.
Л-карнитинот го зголемува енергетскиот капацитет и издржливоста на мускулите за време на кревање поголеми тежини, помага брзо да заздрават мускулите и да ги надминат непријатните реакции на зголемен физички напор.
Л-карнитинот воедно ја стимулира и работоспособноста на срцето и го подобрува снабдувањето со енергија.
Тој дејствува и како антиоксидант и помага во отстранувањето на слободните радикали во организмот, акумулирани како резултат на размената на материите.
Предности на Л-карнитинот:
- помага во претворањето на мастите во енергија и ја намалува телесната тежина
- ја зголемува менталната и физичката работоспособност
- ја подобрува работата на срцевиот мускул
- помага во подобрувањето на метаболизмот / се препорачува кај лица кои страдаат од дијабетес и прекумерна тежина
- делува поволно во поглед на неплодноста кај мажите
- ја зголемува сексуалната активност и либидото
- ја зголемува отпорноста кон стресот
- има моќно антиоксидантно дејство
(О)Милена | Црнобело