Дали трудниците смее да вежбаат во теретана?
Постои аеробик во вода, јога и посебни вежби за бремени жени, но дали и теретаната е добар избор? Возможно ли е да се вежба фитнес и да се креваат тегови за време на бременоста? Смее ли трудницата да се качи на велосипед, степер или орбитрек?
На прашањето дали за бремените жени е сигурно да вежбаaт и креват тегови во теретана, одговорот го даде гинекологот Петра Подобник Брлечиќ, појаснувајќи какви вежби (не) им се препорачливи на трудниците.
Во текот на уредната бременост, којашто нема никакви ризици, ниту компликации, секако дека се препорачува телесна активност. Меѓутоа, истата мора да биде соодветна за фазата на бременоста.
Вежбањето кое е прилагодено на трудниците, претставува најдобрата опција за мнозинството бремени жени, затоа што е умерено и концентрирано на групата мускули кои е дозволено да се тренираат во текот на бременоста.
На жените кои активно се занимаваат со спорт, или, пак, претставуваат професионални спортистки, најтешко им паѓа прекинот на вообичаените физички активности во деветте месеци.
Можно е да продолжите со истите активности и во текот на бременоста. Секако, со одобрение од докторот што ја следи бременоста, доколку се утврди дека вежбањето не го загрозува вашето и здравјето на бебето во утробата.
Аеробните вежби, како што се орбитрекот, степерот и велосипедот се дозволени, но во понапредната бременост ќе ви бидат по малку отежнати, пред сѐ поради големината на стомакот (барем на велосипедот).
Не се препорачуваат никакви вежби за стомачните мускули, ниту пак кревањето тегови.
Генерално во бременоста не се советува кревање на тежина поголема од 10 килограми, па дури и тоа е само во случаи на крајна нужда (обично кога трудниците мора да ги носат своите помали деца во раце).
Слушајте го своето тело. Ако добро се чувствувате, тогаш нема причина да не вежбате, само поумерено од порано.
М. А.| Црнобело