Како вежбите за истегнување помагаат и на физичкото и на менталното здравје?
Понекогаш, кога се чувствувате дека сте под стрес или напнати, обидете се да направите кратки вежби за истегнување на телото.
На тој начин, освен што ќе ги загреете мускулите и ќе ги раздвижите зглобовите, ќе успеете и да се ослободите од нервозата и стресот.
Не е потребно да бидете професионален спортист за да посветите барем 30 минути од вашето време на ваквите вежби.
Исто така, истегнувањето е добро и по напорен тренинг, особено по возење велосипед, трчање или пливање. Мускулите лачат млечна киселина и при вежбите за истегнување се избегнува нејзино стврднување меѓу мускулните влакна.
Корисни се и за оние кои воопшто не се физички активни
Многу луѓе поминуваат по најмалку осум часа во канцеларија, седејќи, а тоа ги оптоварува колената и 'рбетот. Кога вашето тело е подолго време во иста положба, се намалува тонусот на мускулите и нивната флексибилност.
Забележете дека често ви доаѓа инстинктивно да се протегнете по подолго време поминато во истата положба на телото.
Истото важи и за студентите, кои имаат многу часови предавања во текот на денот, или пак кои поминуваат многу време учејќи во иста положба.
Добро е и за умот
Освен физичката флексибилност на телото, вежбите за истегнување го ослободуваат вашиот ум и го прочистуваат од лошите мисли и напнатоста.
Затоа, по вежбањето, ќе бидете поспособни правилно да размислувате и полесно да најдете решение на некој проблем. Вистина е дека физичката и менталната кондиција на вашите тело и ум одат „рака под рака“.
Најважно, како и во сè друго, е и овие вежби да ги правите умерено, без преголем напор. Многу поважно е да ги правите вежбите правилно, отколку брзо и напорно.
Кои начини на истегнување можете да ги практикувате?
Статично истегнување
Основни потези, како што се наведнување, наслонување на колената, допирање на ножните прсти од стоечка или седечка положба. Доброто во овие вежби е што можете да ги практикувате секаде и секогаш.
Динамично истегнување
Вежби кои комбинираат и движење и истегнување, кои одлично го загреваат телото пред спортување и ги зголемуваат флексибилноста и подвижноста, а истовремено согоруваат и многу калории.
Јога
Има многу видови и подвидови на јога, а специфично за оваа дисциплина е што комбинира и статично и динамично затегнување, но и ослободување на умот и релаксација.
Е. Д. | Црнобело