За што помага пилатес ролната и зошто стана тренд со кој „се заразија“ многу ѕвезди?

Во последно време, кога и да се спомне тренингот на некоја славна личност, забележуваме дека во него има вклучено вежби со пилатес ролна. Земете ги за пример Клое Кардашијан, Гвинет Палтроу и Алесандра Амбросио.

za-sto-pomaga-pilates-rolnata-i-zosto-stana-trend-so-koj-se-zarazija-site-dzvezdi-01.jpg

Пилатес ролната има цилиндрична форма и служи за ослободување на напнатите мускули, но и за масажа и истегнување.

Ролната се користи за да го извлечете максимумот од тренингот, а постојат 5 главни причини зошто сите почнуваат да го користат:

1. Ги релаксира мускулите

Пилатес ролната е одличен начин да ја забрзате циркулацијата на крвта, што понатаму води до полесно опоравување на мускулите.

Неколку начини на кои може да ја користите по напорниот тренинг:

za-sto-pomaga-pilates-rolnata-i-zosto-stana-trend-so-koj-se-zarazija-site-dzvezdi-2-1.jpg

za-sto-pomaga-pilates-rolnata-i-zosto-stana-trend-so-koj-se-zarazija-site-dzvezdi-2-2.jpg

za-sto-pomaga-pilates-rolnata-i-zosto-stana-trend-so-koj-se-zarazija-site-dzvezdi-2-3.jpg

za-sto-pomaga-pilates-rolnata-i-zosto-stana-trend-so-koj-se-zarazija-site-dzvezdi-2-4.jpg

„Јас сум за истегнување на мускулите пред и по вежбањето, па пилатес ролната е една од моите омилени работи,“ сподели Клое Кардашијан.

2. Ја подобрува флексибилноста

Кога мускулите ви се затегнати, нивното движење е отежнато, па тоа го прави целото вежбање потешко и болно.

Тренерот на актерката Рис Витерспун, Ешли Борден, тврди дека мускулните влакна се пофлексибилни кога користите пилатес ролна.

za-sto-pomaga-pilates-rolnata-i-zosto-stana-trend-so-koj-se-zarazija-site-dzvezdi-02.jpg

3. Додава интензитет на тренингот

Пилатес ролната не е само за опуштање, туку може да се користи како справа за согорување дополнителни калории. На пример, Алесандра Амбросио тврди дека телото го обликува со помош на овој додаток.

Неколку вежби за рамен стомак кои може да ги направите и вие, користејќи ја ролната:

4. Го измазнува целулитот

Благодарение на тоа што делува и како масажер, пилатес ролната може да ви помогне да се ослободите од целулитот.

5. Лесна е за транспорт

Дури и ако патувате, а сакате да тренирате и да се одржите во форма, пилатес ролната е лесна за транспорт, за разлика од повеќето справи за вежбање.

za-sto-pomaga-pilates-rolnata-i-zosto-stana-trend-so-koj-se-zarazija-site-dzvezdi-3.jpg

Доколку сакате да вежбате и да се подготвите за летото во стилот на славните, пилатес ролната може да ја најдете тука.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 вежби за слабеење на стомакот од руски кинезиолог Повеќето вежби се прават без опрема, а познатиот руски кинезиолог тврди дека осв...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg