Пред кралската свадба: Што прави Меган Маркл за да остане во топ форма?
Кралската венчавка е на прагот, а очекувањата од невестата се навистина големи. Таа е решена дента да изгледа совршено. За таа цел, свршеницата на принцот Хари се потпира на старата добитна формула.
Американската глумица наскоро ќе стане член на британската монархија. Се ближи датумот кога Меган Маркл и принцот Хари ќе си го кажат судбоносното „да“. Дотогаш, таа останува верна на својата воспоставена рутина.
Мајка ѝ е инструкторка по јога, така што секојдневно ја практикува, а паралелно има и други физички активности, но и правила во исхраната до кои се придржува. Па, несомнено ќе блесне со фигурата на големата свадба.
Ова се седумте работи што таа ги прави, за да остане во топ форма до кралската свадба:
1. Вежба јога
„Јогата ми е во крвта.“, откри Меган за британскиот магазин Women’s Health. Нејзината мајка е инструкторка, па со неа вежбала од мали нозе. Ваквите вежби ѝ даваат сила.
2. Трча
Кардио вежбите, пак, бринетата ги одработува преку трчање. Маркл неодамна изјави дека ова ѝ е како активна медитација, бидејќи ѝ овозможува да си ја разбистри главата.
3. Тренира со пријателите
Откако се пресели во Обединетото Кралство, Меган започна со пријателите да оди кај тренерот Расел Бејтмен, кој важи за еден од најпопуларните во Англија.
4. Јаде веганска храна во текот на неделата
Меган внимава на линијата. За да остане во форма, нејзините оброци се сведуваат исклучиво на храна од растително потекло, која ја консумира во работните денови.
5. Викендите ужива во „нездрава“ храна
Во сабота и недела, пак, таа се опушта, па си дозволува себеси да касне храна што ѝ недостасувала во текот на седмицата. Маркл најмногу обожава да јаде помфрит и тестенини.
6. Пие умерено
Идната војвотка повремено ужива и во чаша квалитетно вино. Меѓутоа, никогаш не претерува со алкохолот, ниту пак посегнува по коктели и други висококалорични алкохолни пијалаци. Најважна е умереноста.
7. Секогаш наоѓа време за себе
И последно, но не и најмалку важно, Меган секојдневно се труди да одвои барем еден час само за себеси. Го поминува во опуштање и реалаксација. Така ги полни батериите, по што е подготвена за нови победи.
M. A. | Црнобело