Вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и „свадбарките“
Нема ништо полошо од тоа да се облечете во некоја пролетна маичка и да забележите дека салото на грбот и рацете се истакнуваат повеќе од што треба.
Честопати се фокусираме на другите делови од телото при вежбањето, па забораваме дека има вишок и на грбот, а да не заборавиме и на „свадбарките“ кои на сите им одат на нерви.
Покрај стандардните вежби за цело тело, постојат и вежби кои ќе ви помогнат да го намалите вишокот на овие два дела.
Така, ќе имате совршено тело од глава до пети и ќе можете слободно да облечете тесни маички со голи раменици.
Практикувајте го овој тренинг 2-3 пати неделно и правете одмор помеѓу вежбите. За вежбите каде на сликите се прикажани тегови, пожелно е да користите мали тегови.
Вежба 1
Одлично е да го почнете тренингот со 2-минутно скокање на јаже за да се загреете и да ги зајакнете рамената и грбот.
Вежба 2
- Застанете исправено со стапала раширени малку повеќе од колковите и малку свиткајте ги колената.
- Кренете ги рацете нагоре виткајќи ги во лактите и левата рака турнете ја надесно како движење за удар.
- Вратете се во почетна положба и повторете го тоа со десната рака на левата страна.
- Менувајте ги рацете со исти движења 60 секунди и повторете 3 пати со пауза од 20-30 секунди.
Вежба 3
- Легнете на грб со рацете свиткани над градите и со кренати нозе свиткани во колената под прав агол.
- Кренете ги рацете нагоре над градите и подигнете се со рамената, истовремено кревајќи ги нозете исправено нагоре.
- Вратете се во почетна положба и повторувајте го истото движење 45 секунди.
- Повторете 3 пати со пауза од 20-30 секунди.
Вежба 4
- Спуштете се и застанете во положба за склекови.
- Полека спуштете ги градите кон подот и фокусирајте се на мускулите на грбот.
- Турнете се нагоре до почетната положба.
- Повторувајте го ова движење 45 секунди.
- Повторете ја вежбата 3 пати со пауза од 20-30 секунди.
Вежба 5
- Легнете во положба за склек, но со исправени раце како на првата фотографија.
- Свртете го горниот дел од телото на лево и кренете ја левата рака исправено нагоре.
- Вратете се во почетна положба и повторете го истото на десната страна, со десна така.
- Менувајте ги рацете со исти движења 45 секунди.
- Повторете ја вежбата 3 пати, со пауза од 20-30 секунди.
М. М. | Црнобело