Мислите дека ви треба месо за да имате мускули? Запознајте го Сајмон кој е 100% веган и размислете двапати
Сајмон Хил е експерт за фитнес од Австралија кој своето тело го оформува со – брокули.
Своето богатство го стекнал со продажба на чај и кокосова вотка, но неговите изјави за тоа како го оформува своето тело предизвикаа бранови од прашања и недоумици.
Во што е „финтата“? Тој вели дека следи исхрана строго базирана на растенија.
Доколку размислувате да станете веган, повеќе од очигледно е дека постојат начини за квалитетна исхрана без нималку ризик за остварување на своите фитнес цели.
„Светот се менува. Постојат толку многу опции на храна кои се базирани исклучиво на растенија, односно веганска опција. Тоа повеќе не е некоја чудна работа од која треба да се срамите кога нарачувате нешто во ресторан“ – објаснува Сајмон.
Тој го дели секојдневниот внес на калории според моделот 50/30/20.
Што значи тоа? 50% од неговите дневни калории доаѓаат од јаглехидрати во форма на кафеав ориз, киноа и мешунки, како на пример, наут.
30% доаѓа од протеини, вклучувајќи соја, органско тофу и грав, додека 20% им припаѓаат на здрави масти коишто може да се пронајдат во ореви, авокадо и „купишта семиња“.
„Прилично сум посветен на наизменичното постење“ – додава Хил.
Тоа значи дека Сајмон ги јаде своите оброци на 8-часовна пауза, а потоа не јаде веќе ништо следните 16 часа. Ваквиот тип на „постење“ сè уште се смета за контроверзно, бидејќи најмалку едно истражување докажува дека не е поефикасно од класичната рестрикција на калории.
Типичниот појадок за Хил кој го јаде некаде околу пладне, бидејќи престанува со јадење околу 20 часот навечер претходниот ден, обично вклучува овесни или киноа снегулки со бадемово млеко, бобинки и семе од коноп.
За ручек или вечера, Хил ужива во чинии полни со жито, зеленчук како додаток и протеини од типот на соја. „Сè што јадам е лесно достапно“ појаснува Хил.
Тој воедно вежба секој ден, бидејќи како што самиот вели – ќе полуди доколку не го прави тоа, и вообичаено една сесија е во времетраење од 45 минути до 1 час.
Сè уште сметате дека со некакви си „треви“ не може да имате добро тело? Размислете уште еднаш:
(О)Милена | Црнобело