Тест: Направете една едноставна вежба и откријте колку е старо вашето тело
За вистинската возраст нема да се обидуваме да погодуваме и да ја откриваме, но годините на телото, не се никако поврзани со вашите години, иако во некои случаи може да се преклопат.
А, доколку ве интересира колку е старо вашето тело, направете го овој краток тест кој вклучува мала физичка активност.
За почеток, загрејте ги мускулите, а потоа направете само една вежба со која ќе се тестирате.
Застанете исправено и со горниот дел од телото наведнувајте се нанапред, обидувајќи се со рацете да го допрете подот.
Најважно од сѐ додека ја правите вежбата е нозете и грбот да останат исправени.
Запомнете го максималното ниво кое вашите раце го достигнале и потоа исправете се и пронајдете си ја позицијата во следниве фотки кои го откриваат значењето:
20-25 години
Дланките ги поставивте целосно на подот, а колената останаа целосно исправени, без да чувствувате посебен притисок и болка во мускулите.
25-38 години
Го допревте подот со прстите од дланките, колената можеби малку се свиткаа, но целата вежба не ви предизвика непријатно чувство.
38-50 години
Со прстите на рацете успеавте најмногу да ги допрете стапалата, колената се свиткани и поднаветнати, а во мускулите почувствувавте притисок заради што веднаш посакавте да се исправите што е можно побрзо.
Над 50 години
Со дланките не достигнавте ни до стапалата, а обидот за да се наведнете повеќе ве тера да ги свиткате колената и се чувствувате непријатно во свиткана позиција.
Ако резултатот не ве задоволува, не паничете, постои решение и за тоа.
Секој ден правете ја истата вежба и наведнувајте се 30 пати по малку, а за 1 месец ќе се изненадите од резултатот кога ќе видите до каде може да се наведнете.
Потребна е само упорност, а со наведнувањето ќе станете пофлексибилни, ќе ги зајакнете лигаментите и целото тело.
М. М. | Црнобело