1 вежба, 4 минути на ден и за 1 месец ќе имате постегнато тело
Секако дека сите сакаме да бидеме во добра форма и свесни сме дека колку и да се храниме добро, сепак е потребна и физичка активност.
Но има периоди кога од најразлични причини не сме во можност да одиме во теретана или сами да вежбаме по 1 или 2 часа.
Постои една вежба која сите ја знаете и секаде сте ја виделе, но ретко ја практикувате.
Со оваа вежба, правилен дневен распоред и секако, добра исхрана, ќе успеете да го стегнете цело тело со само 4 минути на ден.
Ова не е трајно решение, но за деновите кога немате многу време е одлично.
Следете ги правилата за поставување на телото:
1. Телото од глава до пети треба да биде во права линија. Потрудете се задникот да не е испрчен или свиткан.
2. Свиткајте ги рацете под агол од 90⁰ и ставете ги дланките на земја. Потпрете се на лактите и прстите на стапалата.
3. Колку се поблиску стапалата едно до друго, толку е поголем притисокот. Наместете се како што најмногу ви одговара, но не ги ширете премногу нозете.
4. Дишете полека и еднакво. Правилното дишење ќе ги подобри резултатите.
Програма за секој ден:
М. М. | Црнобело