Ако цел ден седите на компјутер: 5 јога пози за раздвижување на телото

Луѓето кои имаат канцелариска работа и седат пред компјутер цел ден, веројатно често имаат болки во мускулите.

ako-cel-den-sedite-na-kompjuter-5-joga-pozi-za-razdvizhuvanje-na-teloto-01.jpg

Иако се препорачува да станувате на секој саат додека сте на работа, сепак поголемиот дел од време сте во седечка положба, па јогата е одличен начин да ги раздвижите згрчените мускули.

Со овие едноставни пози, ќе го освежите целото тело, ќе ја вратите правилната циркулација и ќе ги раздвижите згрчените мускули.

Планински врв

Планински врв е една од наједноставните пози во јогата. Откако ќе се наместите, ќе почувствувате истегнување во грбот, нозете и рацете.

Важно е додека сте во оваа положба да дишите длабоко и контролирано за да може телото да се наполни со кислород и да се врати циркулацијата.

ako-cel-den-sedite-na-kompjuter-5-joga-pozi-za-razdvizhuvanje-na-teloto-03.jpg

Положба на мачка

Рацете поставете ги во ширина на рамената, а телото нека биде паралелно со подот. Додека ја кревате главата нагоре вдишувајте, а додека ја спуштате кон стомакот, издишете.

Оваа вежба ги активира мускулите за многу кратко време и го освежува мозокот.

ako-cel-den-sedite-na-kompjuter-5-joga-pozi-za-razdvizhuvanje-na-teloto-04.gif

Наведнување со раширени нозе

На прв поглед, оваа поза изгледа проблематично, но не е тешко да се направи. Застанете и раширете ги нозете во ширина на рамената. Земете воздух и спуштете се со главата кон подот, меѓу нозете. Грбот нека биде прав. Останете во оваа поза колку што ви е удобно.

Оваа поза ја враќа циркулацијата кон главата и ги истегнува мускулите на грбот кои се згрчени од долго седење.

ako-cel-den-sedite-na-kompjuter-5-joga-pozi-za-razdvizhuvanje-na-teloto-05.jpg

Усукување на ‘рбетниот столб

Оваа вежба помага за целото тело, особено за ‘рбетот, а исто така и го смирува умот. Седнете на простирката и испружете ги нозете пред вас. Свиткајте ја левата нога и доближете ја до десниот колк. Со десната рака притиснете ја левата нога и свртете го телото надесно.

Истото повторете го на другата страна.

ako-cel-den-sedite-na-kompjuter-5-joga-pozi-za-razdvizhuvanje-na-teloto-06.jpg

Положба на гулаб

Оваа положба може да биде малку непријатна, па затоа е важно добро да се наместите. Додека сте во положба на „планински врв“, кренете ја десната нога нагоре и ставете ја напред помеѓу рацете. Спуштете се  надолу со рацете и со главата и останете во таа положба 20 секунди.

Повторете го истото и со другата нога.

ako-cel-den-sedite-na-kompjuter-5-joga-pozi-za-razdvizhuvanje-na-teloto-07.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трикови за слабеење кои звучат чудно, но се ефикасни (според експерти) Во лето, не го поминувајте цел ден под клима бидејќи високите температури го нам...
Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg