Што да јадете, ако сте гладни пред вежбање?
Сè што внесувате пред, за време на и после тренингот, влијае на успешноста на истиот. Најважно е спортските напори да не ги правите со преполн желудник.
Па, ако ви се јаде пред да вежбате, што е добро да јадете?
1. Свежо овошје
Листата на овошја која смеете и можете да ја јадете пред вежбање е речиси бесконечна, а најдобро е да одбирате сезонско овошје или она кое одговара на вашиот организам. Бананите се одлична енергетска бомба.
2. За подигнување на енергијата - слатки или?
Обидете се да одолеете на слатките работи и заменете ги со темно чоколадо или бисквити погати со житарици.
3. Јајца
Јајцата најздрави се кога се варени. На нивната подготовка нема да потрошите многу време, а пред тренингот добро е да јадете едно цело јајце и не само што ќе бидете сити, туку и слободно ќе можете да вежбате.
4. Јогурт
Доволна е една вкусна чаша јогурт 15 минути пред тренингот и да бидете сигурни дека нема да бидете гладни до крајот, а слободно ќе можете да се движите.
Н. Г. | Црнобело