4 причини поради кои не гледате резултати од вашето вежбање
Денес, многу е тешко да се пронајде време за вежбање неколку пати неделно, а уште потешко е да останете мотивирани кога вежбањето не ви дава видливи резултати.
Еве неколку грешки што најверојатно ги правите во текот на вашиот тренинг, кои го прават вежбањето неефективно:
1. Вежбате само кардио
Трчате на лентата со часови додека не се преморите, но тоа е типична почетничка грешка. Речиси сите почетници кои сè уште не знаат добро да се снаоѓаат сами со вежбите, губат непотребно многу време на трчање на лента, затоа што изгледа најлесно и наједноставно.
Иако со трчање губите многу калории, сепак тоа нема многу да помогне за вашиот совршен изглед. Многу е важно да вежбате со тежина и да ги зацврстите и тонирате вашите мускули, со цел вашето тело да изгледа како што сте си замислувале. Има голема разлика од некој кој е фит и здрав, до некој кој е само слаб.
2. Не вежбате со тешки тегови
Можеби сè уште верувате дека само бодибилдерите креваат тешки тегови и дека вие нема да бидете способни истото да го направите. Најверојатно теговите ви изгледаат страшно и не се ни осмелувате да ги погледнете.
Но, за да го подобрите целосниот изглед на вашето тело, мора да почнете да кревате малку потешки тегови. Ќе започнете со тежина со која ќе можете без проблем да направите 10-12 повторувања, а потоа постепено ќе ја накачувате тежината.
3. Правите премногу вежби одеднаш
Кога сакате да направите многу различни вежби во период од 1 час, на крај нема да постигнете речиси ништо. Во еден ден вежбате нозе, задник, стомачни, кардио, грб и раце, и на секоја група мускули и посветувате по 5-10 минути.
Овој начин на вежбање е многу лош. Фокусирајте се на една или две мускулни групи додека вежбате, исцрпете ги во еден ден и следниот ден оставете ги да одморат, додека вежбате друга мускулна група.
4. Немате самодоверба
Никогаш не ја потценувајте самодовербата. Кога мислите и се чувствувате дека вежбате добро, дека ќе изгледате добро, полни сте со енергија и вежбањето ќе ви биде поефективно. Доколку е потребно, глумете самодоверба додека не ја постигнете навистина.
Сè што треба да запамтите е дека треба да се чувствувате сè подобро и подобро со секој нов тренинг.
А. В. | Црнобело