8 работи кои никогаш не треба да ги правите во теретана
Ако барем еднаш сте отишле во теретана, знаете колкав број на карактери и постапки може да ве извадат од такт.
За и вие да не бидете едни од оние кои ги нервираат сите во околина, почитувајте 8 едноставни правила:
1. Не оставајте траги на справите
Нема ништо лошо во тоа да се испотите за време на вежбањето, односно тоа е нормално и се подразбира, но треба да внимавате потта да не остане на справите. Затоа, секогаш со себе имајте пешкир.
2. Не ја држете справата зафатена, доколку не ја користите
Постојат толку многу луѓе кои седат на справите и си куцкаат на мобилните или си прават селфи фотки, па оние кои реално се дојдени за да вежбаат, само си го губат времето чекајќи ги да ја завршат фотосесијата или разговорот. Не бидете бесчувствителни.
3. Не зборувајте гласно и долго на телефон
Едни од луѓето кои најмногу нервираат дефинитивно се оние кои на телефон зборуваат по половина час и тоа гласно, сите да ги слушнат.
Сериозна конкуренција се и оние кои имаат пуштено музика на најгласно, без слушалки секако.
4. Имајте на ум дека справите се за сите
Не заглавувајте на една справа со часови. Ако гледате дека луѓето чекаат, скратете го времето.
5. Не ги оставајте теговите каде стигнете
Уште една работа која би требало да ја знаете уште како деца - не ги оставајте „играчките“ каде стигнете. Истото важи и за теговите. Откако ќе се послужите, вратете ги на место.
6. Не им правете притисок на другите вежбачи
Исто како што користењето на справа во рок од 60 минути е безобразно, подеднакво безобразно е и стоењето со скрстени раце и лута гримаса со порака „добро, побрзај!“
7. Не доцнете
Ако се работи за групен тренинг или групна вежба, не доцнете. Ова може да им го одвлече вниманието на другите вежбачи, но и на инструкторот. Ако веќе задоцните, не мора да се поздравувате со сите по ред, едноставно незабележливо вклучете се.
8. Соблекувалната не е вашата бања
Секогаш има една личност која парадира со своето „совршено“ тело, додека другите се туткаат во пешкирите и широките маици. Не бидете такви.
М. Д. | Црнобело