Како за кратко време да добиете порамен стомак?
Правилната исхрана и напорните тренинзи се ефективни и не го оспоруваме тоа, но има неколку трикови со кои може да се послужите ако сакате за кратко време да го израмните стомакот.
На пример:
Правете вежби по 8 минути дневно
Доволни се 8 минути навечер за да го стегнете телото и стомакот. Прво, кревајте тежина со раширени раце. Потоа, правете чучнувања. Повторувајте ги вежбите 8 минути со кратки паузи од 20-30 секунди кога ќе се изморите.
Туширајте се со ладна вода пред да си легнете
Тоа ќе ја намали температурата на телото и ќе го поттикне согорувањето на мастите.
Појадувајте нешто вкусно
Појадокот нека содржи овес, темно чоколадо, шумско овошје, јаткасти плодови и малку цимет - тоа е идеалната комбинација за стомакот инстантно да не ви се подуе.
Заобиколете ја кинеската храна
Иако е вкусна, кинеската храна предизвикува непријатно дуење на стомакот.
Заборавете и на енергетските плочки
Имаат толку многу шеќери и калории, кои не можете ни да претпоставите дека се во нив.
Истото важи и за сушеното овошје
Имаат природно ниво на фруктоза, природен шеќер, што предизвикува дуење и гасови. Свежото овошје е секогаш најдобар избор.
Правете си сами овошни смутија
Иако се рекламираат како здрави, никогаш не може да знаете што има во веќе готовите сокови и смутија. Затоа, блендерот и свежите плодови се најдобар избор.
М. Д. | Црнобело