Тренерот на Софија Вергара открива: 5 совети за извајани облини
Многумина би се согласиле, Софија Вергара изгледа неверојатно добро, а за да изгледа така добро сигурно поминува многу време во теретана. Но, за оние мрзливите, постои добра вест, нејзината рутина е неверојатно лесна за следење.
Тренерот на Софија Вергара, Џенифер Јетс открива како да одржувате витка линија како неа:
1. Сосема е во ред повремено да се опуштите
„Типично, кога снима Вергара вежна и од 5 до 7 денови од неделата, но потоа си дава време да одмори. Паузите прават вашето тело да стане посилно. Многу е важно да дозволите вашето тело да се одмори, бидејќи ако ги преморувате мускулите ќе бидете повеќе подложни на повреди“ - вели Јетс.
2. Не, не мора да трчате
Не мора да трчате, ако не сакате. Наместо тоа, за да имате добар задник и нозе можете да возите велосипед или да се качувате на степер како Вергара.
3. Облините се прекрасни, па ако ги имате, сакајте ги
Не мора да се трудите по секоја цена да ги изгубите облините. Одличен пример дека облините се секси е Софија Вергара.
4. Менувајте ја рутината
Ако постојано ги вежбате едните исти работи, ќе ви стане здодевно и поголема е веројатноста дека целосно ќе се откажете од вежбањето. „Двапати неделно, Вергара прави вежби за задникот, и неколку денови ги вежба само стомачните мускули и горниот дел од телото“ - објаснува Јетс.
-->
5. Ако ви се јаде пица, јадете пица
И имајте го на ум следново, ако сакате баш во овој момент да јадете пица, не се чувствувајте виновни за тоа. Уживајте во едно парче. Многу е важно да имате баланс во исхраната, а тоа подразбира некогаш да уживате и во брзите, нездрави задоволства.
Н. Г. | Црнобело