5 работи кои никогаш не треба да ги правите после вежбање

Го завршивте вашиот тренинг и во тој момент имате потполно чувство на еуфорија, доволно адреналин и енергија да направите што и да посакате.

5-raboti-koi-nikogas-ne-treba-da-gi-pravite-posle-vezbanje-01.jpg

Но, храната која ја јадеме како и одморот кој си го дозволуваме по напорното вежбање, имаат влијание врз начинот на кој нашето тело закрепнува, се обновува, па дури и расте.

Токму затоа, избегнувајте ги овие 5 грешки кои најчесто ги правиме после вежбањето:

Заборавате да пиете вода

Немате време да се напиете вода додека вртите на орбитрекот или трчате, а и не е особено пожелно да се пие премногу вода за време на вежбањето, бидејќи преполниот стомак со течност го отежнува движењето.

Но, веднаш по завршувањето на физичката активност, потребно е да го рехидрирате телото.

Со цел да го надоместите нивото на гликоген (една од најважните резерви во телото за добар перформанс и издржливост), како и да ги замените електролитите, водата е вашиот прв пријател по вежбањето или пак, добар пијалок за воспоставување на рамнотежа како чоколадното млеко, кое исто така е одличен избор.

5-raboti-koi-nikogas-ne-treba-da-gi-pravite-posle-vezbanje-02.jpg

Јадете мрсна храна

Истрчавте 5 km и решивте да се наградите со голем хамбургер или чипс? Маснотиите го намалуваат дигестивниот процес, освен тоа содржат и огромен број на калории.

По вежбањето потребна ви е храна која брзо се апсорбира во крвотокот и побрзо ќе стигне до клетките и ќе ги обнови, за разлика од тешката, мрсна храна.

Посегнете по квалитетен протеин или мала количина полнозрнести јагленихидрати кои ќе ги „нахранат“ мускулите.

5-raboti-koi-nikogas-ne-treba-da-gi-pravite-posle-vezbanje-03.jpg

Заборавате да се истегнете

Погледнувате кон часовникот и одвај чекате да завршите со вежбањето, бидејќи се брзате на состанокот кој следува потоа.

Но, тие 10-30 секунди за добро истегнување на мускулите се особено важни за опуштање и релаксација, бидејќи доколку ги прескокнете, вашето тело останува на некој начин „здрвено“ и е повеќе осетливо и подложно на повреди. Така што, 30 секунди не ви менуваат апсолутно ништо, без брзање, добро истегнете се.

Во седечка положба сте до крајот на денот

Утринското вежбање е одлично и препорачливо доколку имате време и припаѓате во групата ранобудници, но седењето во положба од која нема да се мрднете следните 10 часа на работа, не е воопшто препорачливо.

Имајте предвид дека треба да се движите, па одвојте барем 30 минути за брза прошетка или направете неколку лесни вежби за истегнување на телото.

На тој начин го стимулирате крвотокот, ги ублажувате воспаленијата на мускулите, го подобрувате држењето на телото, итн.

5-raboti-koi-nikogas-ne-treba-da-gi-pravite-posle-vezbanje-04.jpg

Си скратувате од сонот

Нашето тело најмногу закрпенува и се обновува за време на спиењето. Стариот добар 8-часовен сон не се споменува без никаква причина. Добриот одмор е клучот за подобро здравје, повито тело и побистар ум. Наспијте се доволно и обновете си ја енергијата.

5-raboti-koi-nikogas-ne-treba-da-gi-pravite-posle-vezbanje-05.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
Едноставна вежба за сите кои сакаат убаво тело (а мразат да прават планк) Оваа вежба е одлична и за оние што многу седат, но и за постари лица... Оваа ...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg