Вежба која согорува 6 пати повеќе калории отколку џогирањето
Сите знаеме дека џогирањето е препорачливо за согорување калории и намалување на килограмите.
Но, она што никој не ви го кажал е дека обратното џогирање, односно трчањето наназад е уште поефикасно.
Трчањето наназад е ефективен и напорен тренинг кој ги намалува шансите од повреди и ви помага полесно да го затегнете долниот дел од телото.
Како помага при слабеење?
Не само што согорува калории, туку ги размрдува сите можни мускулни групи, посебно
квадрицепсите.
Чисто за споредба, 100 чекори наназад се еднакви на 1.000 чекори класично одење. Еден чекор наназад на лента за трчање е еднаков со 6 нанапред. Звучи одлично!
Што добивате ако трчате наназад?
Тонирани мускули на нозете – Ова е идеален начин да го обликувате долниот дел од телото без голем притисок врз колената.
Ги намалува шансите за повреда и ги одмора колената – Трчањето наназад нема толку агресивно влијание на било кој дел од нозете и е одличен баланс за сите мускулни групи.
Ја развива периферната визија и рамнотежата – Трчањето наназад си бара баланс, бидејќи не можете да видите каде трчате. Така ги развивате и другите сетила.
Одлично е за мозокот – Менувањето на рутината за вежбање и движењето на мускулите во обратна насока го тера мозокот да размислува поинаку.
Го подобрува држењето – Кога трчате наназад, природно го држите грбот исправен, што полесно ќе ви премине во навика.
Ги затега абдоменалните мускули – Кога трчате исправено, абдоменалните мускули се исто толку вклучени како и оние на нозете.
М. Д. | Црнобело