5 вежби за стегнување на телото, во кои треба само да мирувате

Овие лесни вежби ќе ви дадат магична леснотија на телото, ќе ве наполнат со енергија и ќе ви ги тонираат мускулите. Тајната е во тоа што не треба ни да мрднете за да го постигнете ефектот.

5-vezbi-za-stegnuvanje-na-teloto-vo-koi-treba-samo-da-miruvate-001.jpg

Само останете во секоја позиција 5-30 секунди, зависно од издржливоста и правете ги вежбите барем 4-5 пати неделно.

1. Крила на пеперутка

Легнете на грб, а нозете потпрете ги на ѕид свиткани кај колената. Задникот малку одвојте го од подот. Одморајте ја ногата како на сликата, додека рацете ви се потпрени на стомак. Потоа сменете ја ногата.

5-vezbi-za-stegnuvanje-na-teloto-vo-koi-treba-samo-da-miruvate-1.jpg

2. Широк отвор

Ставете ги дланките на стомакот, а задникот допрете го до ѕид. Нозете раширете ги под агол од 90 степени, ако можете. Стојте така 5-30 секунди, па променете ја ногата која ја тегнете.

5-vezbi-za-stegnuvanje-na-teloto-vo-koi-treba-samo-da-miruvate-2.jpg

3. Поздрав

Исправете ги двете нозе и залепете ги до ѕидот. Со рацете тегнете се како да се обидувате да ги допрете стапалата. Задржете се во оваа позиција неколку секунди, па променете ја страната.

5-vezbi-za-stegnuvanje-na-teloto-vo-koi-treba-samo-da-miruvate-3.jpg

4. Ножички

Подигнете ги нозете како да правите свеќа. Едната нога потпрете ја на ѕид, додека другата ја повлекувате кон главата. Грбот држете го со рацете. Повторете со другата нога.

5-vezbi-za-stegnuvanje-na-teloto-vo-koi-treba-samo-da-miruvate-4.jpg

5. Мост

Легнете на под со подигнато тело и со потпрени раце, како на сликата. Нозете треба да ги исправите колку можете повеќе. Тежината префрлете ја на рамениците. Задржете се во позицијата неколку секунди, па одморете. Повторете.

5-vezbi-za-stegnuvanje-na-teloto-vo-koi-treba-samo-da-miruvate-5.jpg

За да го извлечете максимумот од вежбите, повторувајте ги по 10 пати.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg