Ново место за afterwork журка - Во сала, со латино и Зумба!
Октомври е идеален месец afterwork журките да ги преместите од омилената кафана во сала во која ечи латино и сите се движат во Зумба ритам.
Од први октомври, секој понеделник, среда и петок, се упатуваме кон салата во Јосип Броз Тито, веднаш после работа, во 17:00 часот и добро ја трошиме насобраната негативна енергија од напорните колеги и обврски.
Зумбата е танцова фитнес програма смислена од колумбиски танчар и кореограф, а е комбинација од танцување и аеробик вежби. Енергичната музика ви го размрдува секој мускул во телото, благодарение на спојот од самба, салса и мамбо.
Звучи како добра идеја?
Локацијата и времето ги знаете, а сите детални информации за уписите кои се во тек, ќе ги најдете на Фејсбук страната Zumba Afterwork Workout со Sanja.