Рутина за вежбање за совршени стомачни како на Џиџи Хадид
На страна нејзиното неодоливо лице и прекрасна руса коса, Џиџи Хадид е добро позната и по нејзините неверојатно добро изградени стомачни. Сигурно барем еднаш сте посакале да имате стомак како неа.
Ако се прашувате како доаѓа до нејзините совршени стомачни, вашата љубопитност конечно може да заврши. Нејзиниот тренер Роб Пиела открива која е нејзината рутина за совршени стомачни.
Имајте на ум, потребно е напорно да работите.
„Сè е во тоа напорно да работите и да се трудите да дојдете до целата. Џиџи практикува кардио вежби преку боксување и интензивни вежби кои се прават на земја. Не ги пропуштајте деновите кога треба да вежбате и не заборавајте да вежбате и во зима“ - вели нејзиниот тренер.
Како изгледа рутината за совршени стомачни на Џиџи Хадид?
1. 10 минути боксување за загревање
2. Три сета од 40 стомачни
3. Уште 10 минути боксување за да ви се подигне срцебиењето
4. 3 сета од 4 стомачни како возење велосипед
5. Уште 10 минути боксинг
6. Направете планк од 60 секунди
7. 4 сета од по 25 подигнувања на нозете.
Н. Г. | Црнобело