10 вежби во вода за потенка половина и совршено обликувани нозе

Сите сакаме да намалиме некој килограм и да се вратиме во форма пред почетокот на летото и пред да дојде време да го покажеме телото на плажа.

10-vezbi-vo-voda-za-potenka-polovina-i-sovrseno-oblikuvani-noze-00

Сепак постојат и такви кои се верни на вежбањето преку целата година. За нив вежбањето е начин на живот и не би го менувале за ништо на светот.

Доколку и вие спаѓате во оваа група и не сакате да го запоставите вежбањето ниту додека сте на одмор, ви нудиме 10 вежби во вода кои ќе ви помогнат да добиете потенка половина и совршено обликувани нозе.

1. Испружете ја напред едната рака и кревајќи ја спротивната нога обидете се да ги допрете прстите. Повторете ја вежбата 10 пати со секоја нога.

10-vezbi-vo-voda-za-potenka-polovina-i-sovrseno-oblikuvani-noze-01


2.
Исправете го грбот и свиткајте ја едната нога, задржувајќи ја со рацете. Стегајќи го стомакот обидете се да стоите во таа позиција.

10-vezbi-vo-voda-za-potenka-polovina-i-sovrseno-oblikuvani-noze-02


3.
Раширете ги нозете во ширина на рамената и со рацете правете движења во форма на ножички.

10-vezbi-vo-voda-za-potenka-polovina-i-sovrseno-oblikuvani-noze-03


4.
„Чекорете“ во место така што ќе ги кревате колената повисоко и ќе ги движите рацете исто како кога трчате.

10-vezbi-vo-voda-za-potenka-polovina-i-sovrseno-oblikuvani-noze-04


5.
Застанете исправено и свиткувајќи ја ногата во коленото обидете се да ја подигнете наназад најмногу што можете.

10-vezbi-vo-voda-za-potenka-polovina-i-sovrseno-oblikuvani-noze-05


6.
Застанете во вода така што таа ќе ви биде до градите. Спојте ги стапалата и ставете го рацете на половината и движете ги само колковите.

10-vezbi-vo-voda-za-potenka-polovina-i-sovrseno-oblikuvani-noze-06


7.
Преклопете ги рацете една над друга и со брзи движења горе-долу масирајте го пределот на стомачните мускули.

10-vezbi-vo-voda-za-potenka-polovina-i-sovrseno-oblikuvani-noze-07


8.
Застанете со споени нозе, раширени раце и дланки свртени надолу. Како што скокате со нозете настрана, рацете се спојуваат пред вас.

10-vezbi-vo-voda-za-potenka-polovina-i-sovrseno-oblikuvani-noze-08


9.
Застанете во плиткиот дел и вежбајте ги стомачните мускули така што истовремено ќе ги подигнувате и грбот и нозете но без целосно да ги спуштите на земја.

10-vezbi-vo-voda-za-potenka-polovina-i-sovrseno-oblikuvani-noze-09


10.
Игрите во вода, како што е на пример одбојката, се одличен начин да останете во форма дури и за време на летниот одмор. 

10-vezbi-vo-voda-za-potenka-polovina-i-sovrseno-oblikuvani-noze-10

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg