За оние кои мразат кардио: Бидете фит и затегнати со помош на овие 5 алтернативи
Сите луѓе се различни, затоа тие сакаат и уживаат во различни нешта. Едно од нив е вебжањето. Не сите луѓе сакаат исти вежби или начини на вежбање – некои сакаат поинтензивни кардио тренинзи, а некои сакаат вежби за истегнување.
А, постојат и онакви кои го презираат кардио тренингот. За нив, направивме листа од 5 вежби кои се совршени:
1. Пилатес
Пилатесот создава врска помеѓу мозокот и телото преку користење на мускулите во пределот на торзото и дишењето. Постојат многу бенефиции од пилатесот како што е интензивна работа на абдоменот, за жените кои имаат болки во долниот дел на грбот, тој ја олеснува болката за 4 недели. И, плус тој е одлична замена за вежбање кога се опоравувате од повреди во коленото или од истегнати мускули.
2. Јога
Спротивно на општото мислење – јогата не е за одмор, туку баш напротив, тоа е интенвизно вежбање кое комбинира употреба на мускули и дишење за затегнување и зацврстување на телото.
Јогата може да излекува детоксикација од мамурлак, неплодност и срцеви болести. Жените кои вежбаат јога се под помалку стрес и поради јога позите се подобрува крвната циркулација и се создава баланс во телото.
3. „Barre“
Овој тип на вежбање е составен од комбинација на пози инспирирани од балет и други дисциплини како јога и платес и е микс од тренинг за зацврстување со слабо кардио кое е насочено кон зајакнување на мускулите.
Ваквиот тип на вежбање троши многу калории, создава мускулна маса, го забрзува метаболизмот, спречува повреди и остеопороза.
4. Работа со тегови
Жените најчесто се плашат од тегови бидејќи мислат дека ќе развијат раце како маж. Но, ако мразите кардио, а сакате да се затегнете и да трошите калории, тогаш кревањето тегови е форма на вежбање кое треба да ја истражите.
Според „Women’s Health“, жените кои креваат тегови ја намалуваат својата тежина за 40% повеќе за разлика од оние кои вежбаат само кардио. Истата статија тврди дека оние кои креваат тегови ќе согорат повеќе калории додека седат – ова се случува бидејќи на вашите мускули им е потребна енергија после секој тренинг за затегнување.
5. Танцување
Танцувањето го забрзува срцето и технички е вид на кардио, но оние кои мразат кардио тренинзи треба да го испробаат танцувањето бидејќи на тој начин си го оттргнуваат вниманието,ја подобрува меморијата и се спречува развивање на ментални болести како деменцијата.
Исто така, според „Everyday Health“, го намалувате стресот бидејќи ги оставате инхибициите да заминат, а енергијата да го преземе вашето тело.
С. С. | Црнобело