6 начини на согорување калории за сите мрзливи личности

Сите ние сакаме да имаме убаво тело и витка фигура, но сепак голем број од нас воопшто не сакаат да слушнат за секојдневно вежбање или откажување од омилените грицки и благо.

6-nacini-na-sogoruvanje-kalorii-za-site-mrzlivi-licnosti-001.jpg

Доколку и вие спаѓате во оваа група луѓе, а секојдневно внесувате поголема доза на калории од таа која му е потребnа на вашето тело, применете ги следните начини кои ќе ви помогнат како полесно да го намалите внесот на калории или како побрзо да ги согорите истите.  

1. Седење на топка

Заменете го столчете за седење со топка за пилатес. Секое од движењата кои ќе ги правите ќе му користи на телото бидејќи ќе ги активира мускулите на задникот и нозете. На овој начин ќе потрошите околу 260 внесени калории.

2. Гума за џвакање

Многу често се случува да чувствуваме потреба за јадење не бидејќи сме гладни туку едноставно бидејќи ни е досадно. Непотребното внесување храна можете да го намалите со земањето гума за џвакање секогаш кога ќе почувствувате потреба за јадење само 1 час после ручекот.

3. Секс

Колку и да изгледа апсурдно, сексот е одличен начин за трошење на калориите. Секако ако сакате да согорите повеќе калории практикувајте пози кои бараат поголема физичка активност.

4. Зачини

Освен што му даваат одличен вкус на јадењето, зачините овозможуваат побрзо трошење на калориите. Спроведените истражувања покажале дека храната со зачини може да го забрза согорувањето на калориите дури за 25%.

5. Одмор

Иако изгледа малку чудно, одморот и релаксацијата се многу важни доколку сакате да се ослободите од вишокот калории. Научниците докажале дека жените кои се под стрес секојдневно внесуваат 100 калории повеќе од жените кои се смирени.

6. Пешачење

Пешачењето по 20 минути на ден ќе направи од вас многу поздрава и позадоволна личност. Сепак ако тоа ви е тешко обидете се барем да пешачите до блиската продавница наместо да одите со кола.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
Едноставна вежба за сите кои сакаат убаво тело (а мразат да прават планк) Оваа вежба е одлична и за оние што многу седат, но и за постари лица... Оваа ...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg