Мајка станала бодибилдерка 11 месеци откако родила
Ингрида Радевиќ од Лондон се борела со своите килограми и линијата откако во 2014-та останала бремена и видела дека достигнала тежина од 82 килограми.
11 месеци по породувањето - извојувала победа со која се надминала себеси!
Кога нејзината ќеркичка била само 4 месеци стара, мајката започнала со редовни тренинзи и успеала да ослабе цели 25 килограми.
7 месеци подоцна, Ингрида била дел од националниот натпревар на бодибилдери жени.
„Сонот ми се исполни. Поддршката која ја добив е феноменална. Толку многу тазе и идни мајки ме контактираа за да ми кажат дека моите достигнувања се инспиративни,“ раскажува пресреќната мајка.
Кој би рекол дека се работи за истата жена:
М. Д. | Црнобело