Совети од тренерот на Ким Кардашијан и Џенифер Лопез: Како да имате задник како нивниот?
Нема некој на кого повеќе му веруваме од тренерот на Ким Кардашијан кога станува збор за совети околу зголемување на задникот.
Освен што работел со сестрите Кардашијан, Гунар Петерсон тренирал и со Џенифер Лопез чиј задник не ни мора да го спомнуваме, а тука се и Сијара и Дакота Џонсон.
Кога бил прашан кој има најдобар задник според него, тој одговорил неговата сопруга, но и признал дека неговите клиенти се меѓу првите места. Тој објаснал дека кога жената сака да има поголем задник таа всушност мисли на зголемување на gluteus maximus и medius додека струкот остане непроменет.
Исто така, овој познат тренер ги споделил и своите тајни и препораки како можете да добиете прекрасен задник со совршени пропорции без да имате славен тренер. Всушност, тој ги терал своите клиенти да се фокусираат на вежби на подолниот дел од телото како клекнувања и варијации на истегнување на нозете.
Следниот пат кога ќе се упатите во теретана, прoбајте 8 до 12 серии од клекнувања и странични истегнување на нозете (т.е. едната нога во позиција за клекнување, а другата истегната во страна), а после тоа и т.н. „колков мост“ – легнете на подот, нозете свиткани под агол од 45 степени, кревајте го задникот и притоа стегајте ги мускулите на задникот.
При вакви вежби, корисно е да вежбате со тегови, но со тежина соодветна на вашата. Тегот треба да биде доволно тежок за да ве спречува да ја правите вежбата без мака. При „колковиот мост“ препорачливо е да ставите тегови – плочки, вреќа или медицинска топка на бикини линијата како отпор. Или пробајте да правите „колков мост со една нога“ т.е. истата позиција како за „колков мост“ само што место да го кревате задникот ја подигате едната нога што е можно повисоко без да користите тегови.
Најголемата грешка што ја прават жените кога вежбаат за поголем задник е тоа што премногу рано се предаваат и не се трудат доволно, затоа советуваме да експериментирате со тешки тегови.
„Најголемата грешка што ја прават жените е тоа што креваат премала тежина од страв дека ќе развијат преголеми мускули. Жената треба да се форсира!“ – советува Петерсон.
Кога станува збор за фреквентноста на посетување на салата, тоа е различно за секого и потребно е малку тестирање за најдобрата временска рамка.
„Дозволете си да има временски простор помеѓу деновите кога кревате тешки тегови за вашето тело да може добро да закрепне. Ова драстично зависи од личноста која вежба, па затоа пробата и грешките се најдобар индикатор.“ – советува тој.
Освен вежбите, многу е важно што и колку јадете. Петерсон препорачува да јадете повеќе ако се обидувате да постигнете добар задник.
„Консумирајте квалитетни калории кои ви се необични и се над нормалниот внес на калории. Започнете од 250 до 500 калории повеќе и бидете сигурни дека сте задоволни со напредокот. Откако ќе ја испробате диетата, ако ви е тешко или чувствувате дека внесувате премногу храна, тогаш намалете малку. Треба да внесувате соодветни калории и добро да се наспиете бидејќи тогаш вашето тело закрепнува и гради мускулна маса.“
Кога зборуваме за вишок калории тогаш сепак треба да јадете нешто здраво, а не помфрит.
„По вежбање ви се потребни протеини и јаглехидрати. Одличен начин како да се здобиете со нив е протеински шејк со овошје или пилешко или риба во комбинација со сладок компир.“
Исто така, добро е да се држите до храна од цели зрна отколку енергетски чоколатца или протеински шејкови. Ако веќе се одлучите на ваквата варијанта тогаш целете кон голема доза протеини, мала доза шеќери.
С. С. | Црнобело