Како да се натерате да вежбате наутро?

Додека се карате со себеси дали да поспиете уште малку или да одите да вежбате, одберете го второто.

kako-da-se-naterate-da-vezbate-nautro-01.jpg

Најдобро време за вежбање е наутро токму поради тоа што ќе го започнете денот полни со енергија и подготвени да се соочите со предизвиците кои ве чекаат.  Затоа, станете порано, раздвижете го телото и вежбајте.

Единствено за што ќе жалите е ако останете да спиете.

1. Легнете порано

Ако си легнете порано, тогаш многу полесно ќе ви биде да станете. Телото ќе ви биде благодарно бидејќи ќе се разбудите наспани и ќе бидете подготвени да вежбате. А, за брзо време, освен што може да ви стане супер рутина, тоа може да ви биде и омилен дел од денот.


2. Создадете рутина

Направете рутина за вежбање наутро, така што тоа ќе ви стане ритуал. По кратко време, самото тело ќе почне да ја бара оваа рутина, а денот ќе ви изгледа незавршен ако не го започнете со вежбање. Ова е најдобриот начин да функционирате и да се мотивирате. Подобро нема.


3. Направете фитнес план

Зачленете се во теретана, најмете личен тренер или јавете се на некој пријател/ка за заедно да вежбате. Правете го ова само еден месец и ќе се изненадите од новата здрава навика во вашиот живот. А, тогаш нема враќање назад – ќе станете човек кој обожува да вежба наутро.


4. Однапред наместете ја облеката за вежбање

Кога ја редите облеката за вежбање вечерта пред да си легнете, тогаш наутро ќе заштедите време наместо да одбирате што да носите и плус со самото тоа што ќе ја видите облеката, ќе посакате да вежбате.


5. Едноставно направете го тоа

Сите имаме лоши денови – сте легнале доцна, или не ви се станува, или не сте расположени. Тоа не значи дека треба да го пропуштите денот и да се опуштите. Животот е наменет за да се туркате до крајните граници за да постигнете успех. Затоа, само направете го тоа и ќе се изненадите од резултатите.


6. Дајте си награда кога ќе вежбате

Стекнете навика да се будите порано барем 5 дена во неделата. Ако ја постигнете целта, тогаш заслужувате награда за дисциплината. Но, тоа не значи храна. Наградата треба да биде нешто што ќе ве мотивира да продолжите понатаму. Одлична идеја е да си купите нови патики за трчање, градник, хеланки...


7. Правете кратки дремки

Во зависност од тоа колку рано станувате, можно е да се чувствувате уморно. Затоа постојат 15-минутните дремки. Тие ќе ви ја вратат енергијата во телото и дури можат да ве подмладат. А, голема е веројатноста дека ваквата дремка ви е и повеќе од потребна. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 вежби за затегнати раце со тегови - Можете да ги правите и дома Четири вежби кои може да ги правите и во вашата дневна соба, а ќе ви помогнат да...
Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
Што е „канцелариски задник“ и какви други проблеми со здравјето може да предизвика? Знаете ли дека од прекумерно седење мускулите на задникот може целосно да забора...
Една вежба со која ќе ја намалите болката во ‘рбетот (и да имате подобро држење на телото) Ако ја повторувате вежбата секој ден, со текот на времето ќе почувствувате дека ...
10-минутна вежба за рамен стомак и по 40-тата година во животот „Сигурно ќе ја пробам оваа вежба“ – велат следбеничките на оваа инфлуенсерка кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg