Најубавите илустрации и изреки кои ќе ве натераат да вежбате јога
Проектот насловен како „Animini Yoga“ претставува дело на фотографот Питер Седлачик и илустраторот Зузу Галова. Станува збор за една интересна комбинација од фотографии и илустрации која имаат за цел да ги мотивираат и привлечат луѓето, а особено децата, кон практикување на јогата на еден сосема креативен начин.
„Animini Yoga“ нуди лесни и интересни вежби за деца и возрасни претставени преку слатки животни кои ги изведуваат вежбите. Нивната задача е да ве внесат во светот на јогата и да ве мотивираат да направите нешто за кое вашето тело и ум ќе ви бидат благодарни.
Јогата заедно со медитацијата се две категории кои не само што го одржуваат физичкото здравје, туку одлично дејствуваат и на менталното здравје и нивното практикување од најмала возраст може значително да ја намали појавата на голем број болести пред сè поврзани со неправилната позиција на седење која е главната причина за појава на деформитети на 'рбетот кај децата.
„Силата не доаѓа од физичкиот капацитет. Таа произлегува од нескротливата волја“. – Махатма Ганди
„Сите ние доаѓаме на Земјата за да ја пронајдеме сопствената патека и никогаш нема да бидеме среќни ако живееме нечија туѓа идеја за живот“. – Џејмс Ван Праг
Каде било, кога било. Сега и овде е вистинскиот момент.
„Биди среќен за овој момент. Овој момент е твојот живот“. – Омар Хајам
„Не грижи се за тоа што луѓето зборуваат или мислат. Биди свој“. – Брет Хул
Прави го тоа што те прави среќен.
Вдиши и издиши го сето она кое не ти е потребно.
Уживај во секој ден.
„Прави ги твоите вежби и сè ќе дојде на место“. – Шри К. Патхаби
Уште 9 инспиративни цитати и илустрации на следната страна...