Кога сакате да се откажете од вежбањето кажете си ги само овие зборови
Без разлика на тоа дали вежбате постојано или повремено се раздвижувате, секогаш постои оној момент која на сред тренинг посакувате да престанете. Едноставно повеќе немате сила или мотивацијата згасна.
Не грижете се, тоа им се случува и на оние најупорните, но она што ги тера да продолжат понатаму се „мантрите“ кои си ги повторуваат одново и одново во моментите кога сакаат да запрат со вежбањето.
Еве неколку искази од професионалните тренери и спортисти:
1. „Секогаш си кажувам дека оваа непријатност е моментална и помислувам на сите оние моменти кога вежбањето ми било пријатно. Си ги повторувам тие мисли во глава се додека не почнам да се чувствувам подобро, бидејќи знам дека ако престанам ќе се чувствувам разочарано. Имам два избора: да останам на истото или утре да бидам подобра“ – Холи Перкинс
2. „Сметам дека тренингот почнал во оној момент кога ми станува тешко. Тогаш дошол единствениот дел од тренингот кој е корисен“ – Мохамед Али
3. „Понекогаш кога во сред трка или тренинг чувствувам дека сакам да престанам си кажувам: Копај. Оди понатаму. Бори се. Навали. Диши. Не се давај. На крајот се наградувам со реченицата: Успеа!“ – Кортни Томас
4. „Како ќе се поставиш овде, така ќе се поставиш и во животот е реченицата која си ја кажувам, а потоа се прашувам себеси: Дали сакаш да бидеш оној кој се откажува? И потоа успешно продолжувам понатаму“ – Мајк Донаваник
5. „Можеби ви звучи чудно но пред да почнам да тренирам си го поставувам прашањето околу тоа дали ќе издржам или ќе се откажам. Ако одлучам да продолжам пуштам гласна метал музика и се концентрирам на секој потег кој го правам и размислувам на тоа како тоа влијае на моите мускули“ – Мајк Нелсон
6. „Секогаш си кажувам на себеси: Не си станала олку рано за да дојдеш и да гледаш во справите од теретаната. Секогаш некаде далеку во светот има некој кој дава сè од себе, подига тегови или брзо трча, па можам и јас“ – Марта Монтенегро