По препорака на Миранда Кер: 15 минутен тренинг
8. Mинута мост
Легнете на површината на подот и полека издигнувајте го целото тело нагоре со доближување на рацете и нозете. Останете во оваа положба 1 полна минута
9. Mинута потскокнување во место
Оваа вежба е една од најдобрите кардио вежби и е причина поради која Миранда ја вметнува дури 3 пати во своите 15 минутни вежби. Пример е нејзиниот добар изглед за корисноста на оваа вежба.
10. Mинута исчекор нанапред со чучнувања
Застанете исправени и започнете со движење на левата па десната нога притоа коленото на спротивната нога да ја допира површината на подот
11. Mинута „седење“ на ѕид
Целото тело доближете го до ѕид и спуштајте се надоле се додега не стигнете во положба на седење каде нозете ви се паралелно на површината на подот. Стојте во оваа положба цела 1 минута.
12. Mинута трчање во место
Оваа везба нема потреба од објаснување. Подгответе се за едно минутно трчање во соба каде нема да ја менувате место положбата.
13. Mинута потскокнување во место
Напомена за почетници: Доколку не успеете да издржите цела една минута на некои од потешките вежби, како што е планкот слободно дајте си оддишка. Практикувајте ги вежбите онолку колку што можете. Ќе стигнете до посакуваната цел на целосно 15 минутно вежбање.
Напомена за сите: Без разлика на тоа колку ви се чинат лесни вежбите, внимавајте на вашето тело. Добро загрејте се пред да започнете, се со цел да ја намалите можноста од повреди и секако практикувајте ги барем три пати неделно.