6 вежби за секси грб: После нив гордо облечете фустан со разголени раменици
Самиот отвор не е тој кој е сексапилен, туку делот од телото кој го открива. А, тоа би требало да биде секси обликуван грб и затегнати раце, без исклучок.
Ако нас не прашувате да бираме, помеѓу деколте и отворен грб, наш сигурен избор е секогаш оној вториот.
Токму затоа ви нудиме 6 вежби кои ќе го формираат секој мускул во тој предел.
Не мора да ги обожавате овие вежби, но ќе го обожавате одразот во огледалото после нив.
За зајакнување на мускулите на грбот може да ви помогне и овој здрав микс:
- 2-3 парчиња ананас
- 1 јаболко
- 1 портокал
- Малку ѓумбир
- 3-4 лажици мелени бадеми
- ¼ шолја гриз
- 450ml вода
Сите состојки измијте ги, излупете ги и исечкајте ги на ситни парчиња, ставете ги во блендер и мешајте.
Испијте по тренингот, а потоа фрлете се во потрага по совршениот фустан со отворен грб.