Лесно до совршена форма: Видови вежби според градбата на вашето тело
Извлечете го максимумот од вежбањата со тоа што ќе го прилагодите тренингот според градбата на вашето тело и резултатите ќе ги добиете побрзо отколку што очекувате...
Препознајте се помеѓу овие 4 типа на градби и почнете со вежбањето:
1. Тело во облик на круша
Овој облик на тело подразбира потесен горен дел на телото во однос на долниот. Тоа значи колковите и бутовите се централен дел, а сигурно истите сакате да бидат потенки и зацврстени.
Видови вежби: Пешачење, трчање, возење велосипед во траење од 45 минути 5 до 6 дена неделно. Не смеете да го занемарите горниот дел од телото, па на почетокот земете тегови за раце со помала тежина. Со тек на време зголемувајте си ја тежината на теговите и времетраењето на вежбите.
2. Тело во облик на правоаголник
Основни карактеристики на овој облик на тело се раменици во иста ширина како и колковите и ненагласен струк. Овие жени тежнеат кон добивање на облини, а тоа ќе го направат доколку се концентрираат на затегнување на стомакот и зголемување на мускулната маса на задникот.
Видови вежби: Користете ги скалите наместо лифтот, секое утро правете стомачни и чучнувања, трчајте или планинарете. Возењето велосипед по угорнини за многу брзо време ќе ви ја даде посакуваната фигура.
3. Тело во облик на песочен часовник
Овој вид облик на тело се смета за идеален, меѓутоа доколку не се одржува витката линија лесно се појавуваат вишок килограми во пределот на бутовите.
Видови вежби: кардио, зумба, пливање и возење велосипед. Девојките со овој вид градба треба посебно да обрнуваат внимание на зајакнување на горниот дел од телото, а за тоа е најдобро да посетуваат фитнес центар.
4. Тело со атлетска градба
Тесни колкови и широки раменици се карактеристика за атлетската градба. За ова тело најдобро е да се тежнее кон зацврстување на стомакот, бутовите и задникот. Овие девојки имаат среќа што не им е потребно премногу за да го зацврстат своето тело, благодарение на атлетската градба.
Видови вежби: Вежби кои не бараат премногу сила како трчањето, чучнувања, вежби за нозете, стомачни и лесни вежби за загревање на мускулите.