Како да го извадите максимумот од телото во еден тренинг?
Тренирате секој ден, но сепак не постигнувате резултати бидејќи сигурно правите грешки за кои не сте свесни дека влијаат врз растот на вашиот мускул и кондиција.
Еве како да го извадите максимумот од телото за време на тренингот, а богами и резултатот во огледалото на правилен начин.
Тренирајте со музика, вашата омилена!
Иако не верувате во нејзиното дејство врз вашата кондиција, сепак е докажано дека најдобрите билдери во светот тренираат со слушалки во уши со својата омилена музика која им дава адреналин.
Започнете да тренирате со музика, веднаш ќе се чувствувате подобро и поуспешно!
Не правете повеќе, а погрешно. Правете помалку, но правилно!
Подобро е да направите 20 правилни стомачни или склекови, отколку 70 неправилни.
Кога веќе еднаш почувствувате дека вежбата ја нарушува правилната положба на телото во која треба да ја извршувате истата, подобро направете пауза и продолжете отколку да си ја губите силата, а да не добивате ништо од телото за возврат.
Кога мислите дека не може да издржите повеќе, направете уште едно плус!
Сечии граници на кондиција се различни, но секој може да направи едно плус над границата. Не само што ќе ве мотивира, туку и ќе го извади максимумот од вашето тело кој ќе ви донесе виден резултат во огледалото после добро време посветено на правилен тренинг.
Совет: Секогаш обидувајте се да дишете правилно при тренингот и да пиете една до две чаши вода на паузите кои не треба да траат повеќе од 3 минути во последователни вежби, бидејќи во спротивно мускулот ќе се олади.