Како да одберете патики за трчање?
За патиките најмалку е важен изгледот, а најважен е обликот на стапалата. Патиките кои ви изгледаат добро кај вашите пријатели, не значи дека ќе бидат добри и за вас.
Мора да внимавате на подлогата, начинот на кој одите или трчате. За патиките важи истото правило како и за чевлите, дека треба да ги купувате попладне, кога нозете ви се малку отечени од секојдневните обврски.
Кај патиките е важен и полот, бидејќи девојките трчаат поинаку од момците. Поради поголемите колкови имаат и поинакво газење. Затоа женските патики имаат пофлексибилна подлога и потесна пета.
Големина
Потребно е да имате малку простор помеѓу прстите и патиките за да избегнете создавање рани.
Тежина
Потешките тркачи треба да бараат постабилни модели, со помека влошка.
Нормално стапало
Луѓето со нормален облик на стапалото треба да одберат стабилни патики според обликот. Затоа треба да внимаваат патиките да бидат удобни, како и влошките за дополнително ублажување кои се помеки од основниот дел на подлогата.
Спуштено стапало
Луѓето со спуштено стапало би требало да побараат патики со поцврст средишен дел на подлогата од внатрешна страна, но и со стабилизатор на петите.