Во неколку чекори до дефинирано машко тело
Она што првенствено треба да го знаете е дека мора да заборавите на диетите и слабеењето. За да ги зацврстите мускулите мора да правите вежби за кои ви е потребна сила.
За да ги истакнете мускулите потребни ви се аеробни вежби. Со кардио тренинзите губите масно ткиво, го дефинирате телото, но го подобрувате и крвотокот. Со аеробните вежби крвта добива многу повеќе кислород кои доаѓа до клетките во организмот.
1. Одвојте ги аеробните вежби од вежбите за телото
Мускулите се доволно истрауматизирани од една врста вежби, така што дополнителен напор може само да доведе до катаболизма, односно разградување на мускулната маса. Тоа значи дека по дигањето тегови не е препорачливо да трчате, да вежбате на Орбитрек и сл. Најдобар избор ви е пливањето.
2. Менувајте ги циклусите на вежбање
Многу поголем резултат ќе имате ако ги менувате наизменично вежбите, отколку ако цело време, подолг период правите исти вежби. Мускулите по некое време се навикнуваат на истата серија вежби и повторувањата го немаат саканиот ефект. Трчајте на трака, вежбајте на Орбитрек, пливајте.
3. Не инсистирајте на губење на масното ткиво
Најмногу масно ткиво се губи кога аеробните вежби се со интензитет на 130 отчукувања на срцето во минута. Телото најмногу енергија троши при најинтензивните тренинзи. Токму затоа е добро повремено да правите кратки, но поинтензивни кардио тренинзи каде пулсот може да надмине и 150 отчукувања во минута. Ваквиот тренинг би требало да трае до 15 минути.