Како да тренирате на 35+ степени?
Штом температурите се искачат на 30-от степен, како што и се останато започнува да излегува од вообичаениот ред, така и вашата дневна фитнес рутина.
Разбирливо е дека на 35 степени е невозможно да тренирате, ниту пак се препорачува. Сепак, од друга страна, штета би било да излезете од рутината која веќе толку добро ја совладавте.
Идејата е добра, желбата е присутна, но како да ја реализирате?
1. Избегнувајте го сонцето. Тренинзите од било кој вид под сончева светлина се строго забранети, посебно од 11 часот претпладне до 5 часот попладне. Не ризикувајте да добиете вртоглавица, главоболка или дехидрација заради 30-минутен тренинг.
2. Тренинзите во раните утрински часови се секогаш најдобра опција. Воздухот е посвеж, почист, посвеж, а и телото е најодморено. Ако немате време да тренирате пред работа, тогаш исто така добра опција е вечерниот тренинг, по 9 часот.
3. Што се однесува до просторот, ако вежбате во теретана која ги затвора вратите за време на летото, префрлете се во домот или во најблискиот парк. Ако вашиот стамбен простор е поголем и располага со клима уред, вежбајте помеѓу своите 4 ѕида. Секогаш избирајте ја собата која гледа на северната страна. Ако пак имате минијатурно станче, не го загревајте додатно со вежбање, туку искористете го блискиот парк.
4. Секогаш носете вода со себе. Без шише вода не го започнувате ниту загревањето.
5. Задолжително истегнете се. Доволна е топлината, никој не сака и згрчени мускули како дополнително отежнување.
6. По завршувањето на тренингот туширајте се со млака вода. Ако веднаш се полиете со студена вода, ќе постигнете контра ефект од посакуваниот.
7. Намалете го времетраењето на тренингот барем за 15 минути.
8. Не заборавајте го количеството на соли кои ги внесувате во телото. Со прекумерното потење се губат големи количини на сол, која е сепак важна за функционирањето на телото.
9. Облекувајте се според временските прилики, односно, носете памук кој и овозможува на кожата да дише и го пропушта воздухот. На гумата и синтетиката заборавете, затоа што потта во комбинација со ваквата облека е најлесен начин да добиете кожни алергии.
10. Очекувајте дека апетитот ќе ви опадне. Топлината си го прави своето, па затоа што по напорниот тренинг ќе имате намалена желба за храна, погрижете се да ги внесете барем неопходните протеини и витамини. Никогаш не останувајте гладни или жедни!
11. Не се мразете ако го прескокнете денешниот тренинг. Лето е и нормално е во планот да ви влета неиспланиран викенд или скара. Ценете ја спонтаноста овие неколку месеци, па затоа идеално би било да постигнете договор со сопственото тело и да го ограничите летниот тренинг на минимум 3 пати во неделата. Секој плус е добредојден.