Супер причини зошто е добро да вежбате во пар

Се размислувате за да почнете да вежбате, но некако тешко се убедувате? Сакате, ама некако ви фали дополнителна мотивација? Понекогаш многу лесно се откажувате и тешко се убедувате?

super-pricini-zosto-e-dobro-da-vezbate-vo-par-01

Додека партнерот, или пријателите се некаде на утринско кафе, вие се убедувате за утринскиот тренинг. Како ви звучи идејата за тренинг со партнерот?

Постојат неколку одлични причини кои ќе ви докажат дека вежбањето во пар е одлично и за телото и за умот.

На тој начин, едновремено ќе гледате како и љубовта и здравјето, растат заедно.

1. Секогаш имате друштво за вежбање

Ако сте од оние личности кои не можат ништо да прават сами и постојано имате потреба од  друштво, тогаш вам ви е неопходен партнерот. Не само за да не ви биде здодевно, туку и за да ви помогне при правење на некои вежби или доколку тренирате надвор, на отворено, тогаш секако е добро да има некој со вас во случај на некоја повреда или незгода.

super-pricini-zosto-e-dobro-da-vezbate-vo-par-1.jpg


2. Си претставувате здрав пример еден на друг

Секогаш е убава глетката кога ќе се види среќен пар кој секое утро трча по тротоарот или кејот. Делува позитивно и мотивирачко за тоа да почне да го практикува и некој друг.

Особено добар пример би претставувале доколку сте брачен пар кој има деца. Нема подобро воспитување од личниот пример.

super-pricini-zosto-e-dobro-da-vezbate-vo-par-2.jpg


3. Може да правите различни вежби

Можеби нема секогаш да ги правите истите вежби или да ги имате истите желби. Но, важно е и понатаму да го поминувате времето заедно.

Без разлика дали вие повеќе сакате да трчате, а партнерот сака да вози велосипед, правете го тоа заедно и исполнете си го времето.

super-pricini-zosto-e-dobro-da-vezbate-vo-par-3.jpg


4. Заедно остварувате предизвици и постигнувате успеси

Нема ништо послатко и нема поголема сатисфакција од истовремено стигнување до целта, заедно со партнерот.

Прекрасно е чувството кога водите иста трка и кога успевате заедно да го остварите предизвикот до крај.

Тоа е таа посебна радост и споделување на моменти кои двајцата ве прават среќни. Така ја одржувате и формата, но и љубовта.

super-pricini-zosto-e-dobro-da-vezbate-vo-par-4.jpg


5. Создавате спомени вредни за паметење

Она што е важно да го знаете е дека можеби нема секогаш да имате само успеси и убави моменти додека вежбате.

Често ќе имате и лоши моменти и незгоди, но токму тогаш е најважно да бидете со партнерот. Исто како и во љубовта, така и тука има успеси и падови, но искуството и спомените кои ќе ги имате од времето поминато со партнерот се незаменливи.

Секогаш кога можете, фотографирајте се, бидејќи токму тие фотографии ќе ви ја враќаат животната енергија кога ќе остарите заедно.

super-pricini-zosto-e-dobro-da-vezbate-vo-par-5.jpg

Би можело да ве интересира:

5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
8 вежби за слабеење на стомакот од руски кинезиолог Повеќето вежби се прават без опрема, а познатиот руски кинезиолог тврди дека осв...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg